Слушајќи го звукот на брановите една мисла константно ми се повторуваше.
Се трудев да заземам медитативна положба и мисловниот тек да го насочам само кон смирувачкиот звук од морето, но мислата ме прогонуваше со секое издишување.
Се насочив кон неа обидувајќи се да разберам што е во нејзината суштина.
Репетитивност. Повторување.
Како сите нешта околу нас – се повторуваат секојдневно.
Изгревањето на сонцето секој ден во исто време и неговото заоѓање, смената на годишните времиња, денот и ноќта, заспивањето, будењето и сонувањето меѓу нив…
Заклучив дека многу работи што ги правиме во животот се случуваат одново и одново.
И во тоа беше неговата суштина, како нешто механичко, а убаво и нездодевно.
Репететивноста. Како и самата мисла.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s