Нека е среќен меѓународниот ден на љубителите на книги!

На денешен ден (9 Август) се прославува интернационалниот ден на љубителите на книгата. Во таа чест ја напишавме статијава која го чекаше моментот да биде конечно објавена.
За најубавите работи постои специјален ден кој се одбележува на некаков начин.

book-lovers-day-1

За книгите може неуморо да се пишува, а нивниот број е толку голем што еден живот нe е доволен за да ги прочитаме сите книги што постојат.
Бројот на напишани книги од ден на ден расте, а вашиот број на прочитани книги исто така со текот на годините би требало да бележи пораст.

Зошто вие ги сакате книгите?

Постојат многу причини поради кои „книгољупците“ ги сакаат книгите и го обожаваат читањето, а јас сега ќе набројам неколку од нив:

  • Читањето овозможува забава и релаксирање кога им се препуштате на приказните.
  • Мирисот на стара/нова книга е извонреден.
  • Држењето во раце книга пред да потонете во сон само по себе е еден вид медитација и овозможува полесно заспивање, но и будење наутро!
  • Минимум еден час сте „изгубени“ во некој друг свет од кој никогаш не е доста додека не ја завршите и последната страница!
  • Додека читате правите претпоставки што ќе се случува следно во дејствиетоили со поединечените ликови.
  • Плачете и се смеете заедно со ликовите кои ги доживувате како личности кои ги знаете цел живот.
  • Можете да прекинете со читање кога сакате и пак да продолжите каде што сте застанале без никаки грижи дека напишаното ќе го снема.
  • Можете да си разменувате мислења со други „кнхигољупци“ и да си давате препораки едни на други околу сè што е поврзано со книгите.
  • Читањето инспирира и внесува новитети и радост во животот!
  • Читањето ве прави поинакви во позитивна смисла.
  • Читањето овозможува да живеете 100 животи пред да заврши вашиот.
  • Читањето го збогатува речникот.
  • Читањето ве прави поискусни.
  • Читањето сериозно ја нарушува „глупавоста“.
  • Читањето според некои истражувања го продолжува животот.
  • Читањето е една од најрелаксирачките активности кои ве прават побогати.
  • Читањето можеби може да го расипе видот, но денот не.
  • Книгата е најдобриот пријател на кој секогаш можете да му се обратите.
  • Книгата може да се најде во секакво издание (печатена, е-верзија или аудио-книга) и не се дозволени изговори дека „немало место да понесеш книга со себе“ или дека „немало време и место каде да се чита“.
  • Книгата го проширува вашиот круг на познаници и ве зближува со остантите кои ја делат истата пасија со вас.
  • Книгата не е само украс за полицата, таа е душата на една соба!

Можам уште да се набројува, но сметам дека овие причини се сосема доволни и ја доловуваат поентата.
Убедена сум дека секој љубител на книгата ќе се согласи со мене.
Прочитајте и зошто е корисно читањето на книги!

Доколку имате нешто да додадете слободно пишете во коментар „Зошто вие сакате да читате?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.