Среќен „Book Lovers“ ден!

На денешен ден (9 Август) се прославува интернационалниот ден на љубителите на книгата. Во таа чест седнав да ја напишам статијава која го чекаше моментот да биде конечно објавена. Додека го пишувам ова се потсетувам на почетоците на моето блогирање кога не ни знаев всушност дека постои и ваков ден.
За најубавите работи си постои специјален ден кој е посветен на нив и се одбележува на некаков начин. Ние симболично ќе го означиме со читање на книга (минимум 30 страни), со објава на инстаграм (стори и слика) и со овој текст кој би требало да стгине до поголемиот број на љубителите на книгата.

book-lovers-day-1

Да го скратам воведот, да продолжиме кон главното.
За книгите може неуморо да се пишува, а нивниот број е толку голем што еден живот нe е доволен за да ги прочитаме сите книги што постојат.
Бројот на напишани книги од ден на ден расте, а вашиот број на прочитани книги исто така со текот на годините би требало да бележи пораст.

Лично јас сметам дека имам прочитано премалку книги (што е навистина штета) иако читам со години (некогаш поинтензивно, некогаш поретко во зависност од времето), но се трудам да го попоравам тоа затоа што си имам зацртано одредена бројка на книги кои мора да ги прочитам пред триесеттите.

Зошто вие ги сакате книгите?

Постојат многу причини поради кои „книгољупците“ ги сакаат книгите и го обожаваат читањето, а јас сега ќе набројам неколку од нив:

  • Читањето овозможува забава и релаксирање препуштајќи се на приказните.
  • Мирисот на стара/нова книга е извонреден.
  • Држењето во раце книга пред да потонеш во сон само по себе е еден вид медитација и овозможува полесно заспиување, но и будење наутро!
  • Минимум еден час си „изгубен“ во некој друг свет од кој не ти е доста додека не ја завршиш и последната страница, и после тоа сакаш уште!
  • Додека читаш си правиш претпоставки што ќе се случува следно или со поединечен лик или општо со самите настани во книгата.
  • Плачеш и се смееш заедно со ликовите кои ги доживуваш како личности кои ги знаеш цел живот.
  • Можеш да прекинеш со читање кога сакаш и пак да продолжиш каде што си застанал без никаки грижи дека напишаното ќе го снема.
  • Можеш да си разменуваш мислења со други „кнхигољупци“ и да си давате препораки едни на други околу све што е поврзано со книгите.
  • Читањето инспирира и внесува новини и радост во животот!
  • Читањето те прави поинаков во позитивна смисла.
  • Читањето ти овозможува да живееш 100 животи пред да го завршиш сопствениот.
  • Читањето ти го збогатува речникот.
  • Читањето те прави поискусен.
  • Читањето сериозно ја нарушува „глупавоста“.
  • Читањето според некои истражувања го продолжува животот.
  • Читањето е една од најрелаксирачките активности кои те прават побогат.
  • Читањето можеби може да го расипе видот, но денот не.
  • Книгата е најдобриот пријател на кој секогаш можеш да му се обратиш.
  • Книгата може да се најде во секакво издание (печатена, е-верзија или аудио-книга) и не се дозволени изговори дека „немало место да понесеш книга со себе“ или дека „немало време и место каде да се чита“.
  • Книгата ти го проширува кругот на познаници и те зближува со остантите кои ја делат истата пасија со тебе.
  • Книгата не е само украс за на полица, таа е душата на една соба!

    Можам уште да набројувам, но сметам дека овие прочини се доволни и ја доловуваат поентата. Убедена сум дека секој љубител на книгата ќе се согласи со мене. Доколку имате нешто да додадете слободно пишете во коментар „Зошто вие сакате да читате?“

На следниот линк нешто повеќе за денешниот ден:

https://www.daysoftheyear.com/days/book-lovers-day/

booksbyweight1

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.