Да си човек не е лесно иако на прв поглед можеби изгледа најлесната работа на светот. Барем во првите десет години. Но, да си човек и да живееш во Македонија изгледа дека е најтешко. Ова „сознание“ не е ништо ново и е веќе видено од многумина, но почувствував потреба да зборувам на оваа тема затоа што е доста актуелна, речиси во секое време. Нема да измислам „топла вода“, нема да создадам нова теза или да „решам некој проблем“ одеднаш ниту да кажам нешто што некој веќе не го знае. Ќе се обидам да сумирам некои работи кои сепак немаат политичка обоеност зошто сум партиски неопределена. Работа? Плати? Здравство? Социјала? Образование? Земјоделие? Градежништво? Сообраќај и патишта? Полиција и војска? Пензиско и инвалидско осигурвање?
Нема потреба да продолжувам понатаму зошто во секој можен сектор се правени поголеми или помали пропусти. Сите можни институции, сите инволвирании и неинволвирани лица во институциите, во државниот и приватниот сектор мора да признаат дека во земјава не ни цветаат ружи, ниту пак некогаш реално ни цветале. Секогаш кога ќе имало трошка надеж дека ружите конечно ќе процветаат се појавувала некоја суша или поплава која им ја ускратувала таа можност во двете насоки или пресушувале или се давеле во вода и скапувале. Како граѓанин, државјанин и жител на Р.Македонија моја должност е да се грижам за тоа во каква земја живеам, со оглед на тоа што веќе долги години имам право да го користам моето гласачко право. Всушност, колку и да не сакаш да си вклучен во политичкиот живот во земјата, барем во општествениот мораш затоа што тоа те прави компетентен граѓанин на земјата во која живееш и ти овозможува да бидеш во „тек“ со акутелните настани.

Едноставно, не може да си полнолетен во Македонија, а да не си вклучен во општеството и во општествените па и политички битисувања.
Мала земја, но долга и значајна историја. Малку луѓе, но вреден народ. Мала географска површина, комплицирано политичко минато.
Мала заработувачка, голем напор. Мали плати, високи давачки.
Вака некако најкратко би ја опишала нашата земја во моментов. И ме боли тоа што оваа држава патела со векови и сè уште не престанала. Се менувале само партиите, владетелите, водачите и претстедателите со политичките „стручни“ кадри, се менувале генерациите, а ништо не се сменило. Или сепак се сменило? Можеби се смениле доста работи и јас не се чувствувам доволно компетентна да зборувам за промените затоа што сметам дека не сум доволно упатена со сите минати и скорашни збиднувања, но доволно е три пати да погледнам вести за да сфатам дека нашата земја е под огромен притисок. И тоа не престанува да ми биде трн во око, менување на име, со ваква или онаква географска одредница, референдум, прослава за покана во НАТО, одржување на предвремени парламентарни избори, гласот на народот да се слушне и уважи, народот така одлучил, народот допрва ќе одлучува, да се влезе или не во ЕУ, бистрење на политики во секоја можна дебатна емисија со излагања на стручни и компетентни кадри од повеќето области, анкети, испитувања на јавното мислење, и што уште не. Епа, ми дојде преку глава. Преку глава ми дојде до тој степен што одлучив текстот да го објавам на мојот блог, за кој реков дека нема да го полнам со теми од овој вид. Од секое правило постои отстапка, па така ќе биде и со оваа колумна. Со отстапката сакам да го изразам сопствениот бунт кон секоја политичка партија, кон сите институции кои не им излегле во пресрет на луѓето, кон сите можни прекршоци во здравствениот систем за чии што прекршоци е платено со животи на млади луѓе. Понатаму, својот револт го насочувам и кон марионетите кои играат како што им се диригира, кон тие што ги држат конците и си прават секакви сценарија и го тренираат трпението на македонскиот нард. Подеднакво се виновни и едните и другите, а ќе ви кажам и зошто. Едните зошто ништо не успеале да поправат и да мрднат од место за клучни и круцијални прашања, а другите зошто го искористуваат тоа во погрешна насока…
Како и да гледате на работите, ви благодарам на трпението да ме исчитате иако не кажав ништо ново, имате право на сопствено гледиште, а ова е моето. И би сакала да беше малку пооптимистично, но не може да биде. Не е ни целоно песимистично, но е огорчено и изреволтирано. Ниту еден човечки живот не смее да биде занемарен и запоставен. По никоја цена, најмалку по цена на штитење или бранење на нечии интереси. Ниту едно семејство не смее во 21 век да биде осудено на пет илјади денари социјална помош само затоа што државата не успеала да им најде соодветна работа, или сами не успеале да си најдат. Сега се прашувам дали живееме во реалноста ваква каква што е (тмурна и неизвесна) или сето ова е некоја виртуелна реалност, па сите ние (вклучувајќи ме и мене) сме само марионети кои играат претстава на луѓето кои нашите конци ги држат во нивните раце?

businessman-hanging-strings-like-marionette-image-conceptual-photography-71572266

Advertisements

6 thoughts on “Уште една група на марионети кои играат како што им се диктира

  1. Колку совршено Те разбирам. Не верувам дека некој од Македонија сака промена на идентитет. Тоа можеби го посакуваат само луѓе кои сакаат да ја напуштат Македонија засекогаш. Тажно.

      1. Не, воопшто не погреши. Впрочем, таква е колумната, отвара многу прашања, потпрашања, дополнителни дискусии и многу тежини кои не е штета ако ги споделиме во јавност.
        Драго ни е што не’ читате редовно.

      2. Задоволството е и на моја страна бидејќи пишувате многу вкусно и со уметничко срце. Со сопствен стил. Одлични сте.

      3. Благодарам. Го ценам вашето мислење. Ваквите коментари ме поттикнуваат да продолжам понатаму 🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s