Шест научни факти за читањето книги

Уште како деца, нашите родители, наставниците и други повозрасни ни кажувале колку е важно читањето. Но, зошто всушност ова навистина е многу важно? Покрај фактот дека читањето овозможува забава, го поттикнува длабокото размислување и овозможува да ве однесе насекаде низ светот со вртење на само една страна, постојат научни докази зошто читањето е одлично за вашето здравје.

Лесно е да се набројат причините зошто го сакаме читањето. Тоа е забавно, релаксирачко, емоционално итн. Но, кои се вистинските придобивки навистина? Дали вртењето на страниците согорува калории и прави мускули? Дали читањето го подобрува видот? Не, тоа не е магичен начин за губење на тежината или лек за кратковидоста, но верувале или не, постојат многу поврзаности помеѓу одредени здравствени придобивки и читањето. Книгите имаат моќ не само да нè инспирираат, едуцираат и да нè пренесуваат на различни места туку исто така да ни го направат животот подобар и поздрав.

Ова звучи како предобро за да биде вистина, но е, и испаѓа дека сите години кои си ги поминал завиткан во каучот со книга наместо во трчање на лента за трчање можеби не се лоши како што можеби си помислил. Не веруваш?
Еве шест научни причини зошто читањето е одлично за тебе.

  1. Може да ја подобри меморијата

Според претседателот и директор на истражувањето Ken Pugh, во Yale Haskins Labratories, читањето може да биде одлично за вашата меморија. Читањето го предизвикува работењето на различни делови во мозокот што не е случај со гледањето на филм или слушањето на музика, влкучувајќи ги оние делови кои се однесуваат на визијата, јазикот и асоцијативното учење (учење преку асоцијации). Луѓето кои читаат имаат покомплексни мозоци. Што значи ова, всушност? Меѓу другите работи, тоа значи дека менталната активност што ја предизвикува читањето помага да ја одржуваме меморијата силна. Покрај тоа, за подобрување на меморијата генерално, читањето може да помогне во превенција од Алцхајмер, според истражувањето во Медицинскиот центар „Rush“ во Чикаго. Студијата покажала поврзаност помеѓу вежбањето на мозокот на начин преку „ментални предизвикувања“ како читањето и помал степен на влошување на меморијата. Со други зборови, колку повеќе читаш и го стимулираш мозокот,толку повеќе можеш да ја зачуваш/заштитиш твојата меморија.

Print

  1. Го редуцира нивото на стрес

На крајот од денот кога ќе се завиткаш со добра книга одма чувствуваш дека стресот се стопил? Излегува дека постои научна причина позади тоа. Според истражувањата во Mindlab International на универзитетот во Сусекс, читањето само од 6 минути може да помогне да се редуцира нивото на стрес до 68%. Студијата открила дека учесниците кои читаат после стресни моменти се порелаксирани од оние учесници кои пробале други ослободувачи на стрес како пешачење или слушање на музика.

Според Др. Левис, човекот кој стои позади тестот, „Навистина не е важно каква книга читаш, губејќи се себеси во книгата, можеш да избегаш од грижите и стресовите од секојдневните случки во светот и да поминеш одреден период истражувајќи ја имагинацијата на авторот“. Се чувствуваш порелаксирано од самата помисла на тоа?

  1. Може да биде терапевтско

Според бихевиоралниот истражувач Cristel Russell, чтиањето е особено добро за тебе. Во студијата за „повторното препрочитување на книгата“, или повторното гледање на филмот итн. Истражувачите пронашле дека луѓето кои го прават тоа не само што уживаат во нивната омилена книга или филм повторно и повторно, туку и се обидуваат да пронајдат ново значење во нив. Со други зборови, повторното посетување на нешто познато (фамилијарно) овозможува нова перспектива и кога е правилно, овозможува голем број на терапевтски бенефити и можност за себе-рефлексија исто така.

  1. Ја подобрува функцијата на мозокот

Меморијата не е единствениот дел од мозокот кој може да биде подобрен со читањето. Според студијата во Emory University објавена во Brain Connectivity, читањето може да го подобри поврзувањето во мозокот што значи дека ја подобрува мозочната функција. Истражувањето покажало дека кога човекот чита фикција, неговата способност за емпатија се подобрува. Употребата на имагинацијата прави луѓето да можат да се стават во „туѓа кожа“.

Media,566209,en

  1. Го зголемува опсегот на внимание

Со толку многу модерни дистрактори (одвлекувачи на вниманието) не е за изненадување дека луѓето имаат пократок опсег на внимание отколку порано. Според невронаучникот Baroness Susan Greenfield, читањето може да помогне за тоа, барем кога станува збор за деца. Поради структурата на приказните (на почеток, на средина и на крај), читањето му помага на мозокот на детето да ги процесира работите во секвенца и да ги поврзува причините со ефекти што овозможува да мисли појасно и да го задржи своето внимание подолго време.

  1. Помага за долговечност

Додека сè уште не сме ја откриле „фонтаната на младоста“, истражувачите откриле дека читањето може да нè оддржи млади. Според прирачникот на едно медицинско училиште за семејно здравје од Харвард, читањето како и другите ментални стимулативни активности си бара ментален напор кој креира нови поврзувања помеѓу нервните клетки. Читањето дури може да помогне и во градењето на „резерви“ кои можат да се најдат кога ќе се изгубат мозочните клетки подоцна во животот.

И додека не може да помогнат за редуцирање на брчките, истражувачите во Англија откриле дека читањето во книжевен клуб може да помогне во подолгото живеење. За луѓето кои се во пензија, клубот на читатели им овозможува да ги задржат социјалните поврзувања и прави да бидат ангажирани овозможувајќи им добар систем на поддршка кој е неопходен за подобар квалитет на живот.

Advertisements

6 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.