„Ништо не е подалечно од она кое ни е на дофат, а не можеме да го достигнеме“. Седам и го пијам своето прво кафе, размислувам за животот, за целите, плановите, патувањата, надежите, достигнувањата, разочарувањата… Се фаќам себеси како носталгично мислам на некои времиња што поминале и кои не можат да се вратат назад, никогаш… Со ниту една временска машина колку и да е голема желбата. „Зарем временска машина постои?“ „Само во книгите и филмовите“, го вртам погледот кон прозорот. Денот се стокмил во најубаво светло, свети во својот полн сјај, автомобилите се раздвижени испуташајќи го звукот од нивните мотори што ми се чини доста познат слушајќи го со години наназад. „Ништо не е подалечно…“ Одеднаш се сепнав и го тргнав погледот од прозорот. Повторувачка мисла си велам, што сум запнала денес со оваа далечина? Па далечни ни се многу работи, секојдневно, на сите. Мене денес на пример многу ми е далечно морето, а очајно посакував да се шлапкам во водата и да се сончам на песокот. На некој друг нешто друго му е далечно, се тешам. Тоа ѝ е работата на далечината, да нè прави носталгични и желни, да ни се јавува потреба таа далечина да ја разбиеме. Постојат различни видови на далечини, но најголема е онаа што ни буди вистински чувства. Кога постигнуваш нешто кое пред многу години ти изгледало недостижно таа дистанца се намалува и сфаќаш дека со текот на годините сите недостижни работи ти се на дофат, а некои засекогаш остануваат недостижни, како на пример постоењето на временска машина или можноста да леташ или бидеш невидлив. Колку сум посакувала да бидам невидлива, во безброј ситуации. Тек да видиш колкупати си посакував да можам да летам, да достигнам височини кои ни авионите не ги достигнуваат. Што е далечината за еден авион? Сигурно не исто што и далечината за една мува или пеперутка. А сепак и тие летаат и имаат крилја, чудесно, зарем не? Всушност, најчудесно би било кога навистина луѓето би можеле да имаат крилја или да патуваат со измислени машини кои му пркосат на времето и на сите можни гравитациони, земјени, вселенски, универзумски закони и правила. Сепак, најголема далечина ќе остане онаа помеѓу двајца, кога физички се на мало растојание, а се предалечни. Измеѓу нив остануваат сите недоречени зборови, сите премолчени чувства, сите запрени пориви да се признае сè со еден бакнеж или значаен допир, сите молчења и недадени милувања, тајни за кои никој не знае освен тие двајца, секој за себе…Тишини кои сега врескаат од болка…Таа далечина пара и уши, и очи. Стануваш глув и слеп за сè околу тебе и потполно немоќен да ја разбиеш таа издигната како карпа, далечина. И сè би сторил да смогнеше сила тогаш таа карпа никогаш да не се издигнеше.

long distance love picture ideas

Advertisements

2 thoughts on “Далечинa

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s