„Ајде уште овојпат“, си рече Ведрана и одлучи дека повеќе нема да троши толку пари на облека. „Уште само сега“, посегна по корнетот и одлучи по не знам кој пат дека ова ѝ се последните топки сладолед и дека повторно ќе му се врати на здравиот начин на исхрана.

Ведрана знаеше дека некои навики тешко се одвикнуваат, а одлуките што ги донесуваше во животот некогаш ја чинеа многу повеќе од купени пет пара нови чевли. Всушност, тоа им се случуваше на сите околу нејзе. Другарка ѝ не можеше да изброи колку пати му опростуваше на дечко ѝ што не поминуваат повеќе време заедно и му даваше безброј шанси мислејќи дека работите ќе се променат, другата другарка се прашуваше зошто постојано го порачува истото кафе во истиот локал иако не ѝ се допаѓа вкусот целосно надевајќи се дека следниот пат кафето ќе биде совршено… И така во круг, на многу нешта во животот, па и на луѓето околу нас им даваме безброј шанси пред да се откажеме и умориме од постојаното себезалажување. Ведрана се себезалажуваше дека тој шопинг ќе биде последниот на кој потрошила толку пари додека не ја земеше следната плата и во излогот не го приметеше прекрасното палтенце кое отсекогаш сакаше да го има. Другарка ѝ неуморно се надеваше дека дечко ѝ ќе се промени и работите ќе се сменат давајќи си себеси лажна надеж само затоа што се плашеше да разговара отворено со него и да се соочат со проблемот во четири очи. Така и со другарката со примерот со кафето, не се изморуваше од постојано порачување затоа што го обожаваше кафето иако вкусот не ѝ се допаѓаше и се надеваше дека наредниот пат ќе биде погодено. А, тоа никогаш не се случуваше затоа што најверојатно ниту дозата ниту видот на кафето кое го користеа во кафулето не ѝ беа по вкус.

Што кога навистина ќе дојде до уморување од постојано давање безброј шанси на некои работи? Тогаш доаѓа до промена која во повеќето случаи е позитивна, а на почетокот може да содржи негативни емоции. Прекинувањето да се купува непотребни работи може да доведе до рационално трошење и штедење на парите, порачување на друг вид на кафе може да биде поразлично искуство и шанса за проба на други вкусови, а откажувањето од дечкото кој не бил свесен дека девојката покрај него е несреќна може да доведе до запознавање на друга личност која нема да ги прави истите грешки како оние кои причинуваат одбивност и тага. Земајќи во предвид многу фактори, и познавајќи ја човечката природа, потребно е многу време за да се откажеме од нешто или некого, посебно за она во кое сме вложиле премногу напор, време, труд и безброј обиди за да дадеме уште една шанса. Колку пати си помисли дека е доста да даваш шанси на нешта и луѓе за кои не вредело да потрошиш ниту минута за размислување? Колку пати посака да беше посигурен/посигурна во одлуките без да повторуваш исто однесување повеќе пати?

decision

Доколку работите се вистински, кога не би се прашувале дали тоа е вистинскиот избор за нас, кога не би имале грижа на совест после јадење две топки сладолед, кога не би се каеле за парите потрошени на новиот пар штикли што ни прават плускавци, кога не би правеле жртви и би уживале во работите без двоумење би биле вистински среќни и без грижи од постојано себезапрашување дали вреди да дадам уште една шанса на тоа или тие. Штом доаѓа до момент кога почнуваме да се прашуваме и преиспитуваме самите, кога се фаќаме себеси како постојано размислуваме за истото нешто и му придаваме големо значење, значи дека тоа ни ја црпи менталната енергија и мора да одлучиме што ќе правиме понатака. Тогаш, разговорот со личност на која ѝ веруваме пожелно е да биде вклучен, и потоа целосна сигурност во донесувањето на одлуката која треба да биде донесена самостојно.
За помалку да се себеизмачуваме кога ќе биде доста од повторувачкото однесување кое ни ја гаси среќата, мудро да донесуваме одлуки пред да станат повторувачки шаблон кој ќе не врти во круг од кој нема да можеме лесно да се решиме. Клучот е во одмереноста и правилното донесување на одлуки за кои нема да се каеме подоцна.

intuition

Advertisements

2 thoughts on “Колку пати си помисли дека е доста?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s