Ведран го болеше забот. Додека чекаше да му помине болката мајка му го убедуваше да го однесе на заболекар, но тој одбиваше и бараше лек кој ќе му ја отстрани или намали болката. После дваесет години Ведран повторно чувствуваше болка, но сега не го болеше забот. Срцето му беше скршено од болка, а за тоа велеа дека нема лек. Возејќи се со својот автомобил ја слушаше омилената музика и патем собираше сила да ги издржи сите идни одговорности. Тоа му беше омилен начин да избега од обврските накратко и сам да поужива во атмосферата која му ги полнеше батериите до максиумум. Нему таквото полнење на батерии му доаѓаше како медитирање или опуштен разговор со најдобриот пријател.

Шеесет километри на час, шеесет минути поминати на автопат со збирка од омилените песни за душа и шеесет причини за да побара лек за болката која е речиси неизлечлива.
Вака некако се одвиваше дебатата која ја водеа неговите замислени ликови во улога на болката и лекот во неговата глава:

Лекот: „Ако не си постоела ти, мене никогаш немаше да ме измислат. Фала ти што постоиш, ама повеќе вредам од тебе!“

Болката му одговори со прашање: „Дали ти знаеш дека не сум јас целосно бескорисна? Јас можам да ги направам луѓето посилни!“

Лекот: „Е, како те молам објасни ми. Знам дека никој не те сака и секој сака што побргу да исчезнеш“.

Болката: „Кога не сум во физичка форма, кога луѓето не можат да најдат видливи знаци на моето постоење, кога ги пецкам внатрешно односно душевно, тогаш сум најопасна, но најмногу ги учам на издржливост. Колку сум појака, толку повеќе им давам причини да ме надминат и да научат да живеат со мене. Иако има и случаи кога не се завршува сè најсјајно, тогаш победува злото, не јас.“

Лекот: „Пак ништо не ми е јасно. Сакаш да кажеш дека за душевна болка јас не помагам? Ајде те молам објасни ми уште малку“.

Болката: „Не помагаш доколку не ти се верува. Сите посегнуваат по тебе мислејќи дека си наједоноставен начин на решавање на „проблемот“, незнаејќи дека треба да се изборат прво со мене пред да те побараат тебе. Ме разбираш? Дури и кога им е најтешко, оние кои се во двобој со мене, а не бараат утеха во тебе најлесно ме поднесуваат и изнаоѓаат начини да ме победат без твоја помош. Тие се за мене херои. Во животот им се раѓам јас поради некоја причина, тие учат да живеат покрај мене, некогаш наполно бришејќи ме“.

Лекот: „Јас сум решение за секој проблем што ти го правиш, да те потсетам.“, ѝ рече Лекот гордо.

Болката: „Некогаш знаеш да бидеш и бесплатен или пет пари, ама ако ја посетам правата особа.“

Лекот: „Без тебе сум бескорисен, ако не си ти моето постоење не би имало смисла. Не зборувам за фармаколошката индустрија, јас можам да дејствувам и ако не сум фармаколошки производ. Кога делувам преку јога, медитација, спортување, здрава исхрана и слично мислам дека сум најкорисен“.

Болката: „Конечно за нешто да се согласиме и разбереме. Е тука е моментот кога викам дека се наоѓаш за пет пари, но сите не го разбираат тоа.

Лекот: „Ти разбра, мене тоа не ми е доволно. Ведран го боли срцето, како да му помогнеме нему?“

Болката: „Тој прво мора да научи да ме поднесува. Гледам дека се обидува, но сега не е така едноставно како кога го боли заб. Решението не е заболекар, а кардиолог нема што да му лекува, здрав е како дрен, а сепак срцето го боли.“

Лекот: „Мат ситуација м? Што предлагаш ти?“

Болката: „Не е мат ситуацијата кога сум во прашање јас. Секогаш постои излез ако се мисли позитивно. Ведран е паметен дечко, ќе смогне сили и ќе се сеќава на мене само како на лекција. Знам дека нема да дозволи да заврши трагично. Ќе најде начин сигурна сум, иако не знам во моментов кој начин е најправилен за него. Возење автомобил во пакет со музика е еден одличен почеток.“

large

Advertisements

2 thoughts on “Разговор помеѓу болката и лекот

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s