Кандидатите за претседател на Друштвото на писателите на Македонија и за претседател на Собранието на ДПМ своите програми треба да ги достават во канцеларијата на Друштвото од утре  до 27 март, најдоцна до 12 часот.

Македонската писателска асоцијација соопшти дека редовното изборно собрание ќе се одржи на 28 април. Одлуката ја донесе Претседателството на ДПМ според неговиот статут со кој е утврден мандат од четири години.

Покрај претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ, ќе се избираат и статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа. На овој највисок собир на македонските писатели ќе се избира и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ.

Најавувајќи го редовното изборно собрание, актуелниот претседател на ДПМ Веле Смилевски минатиот месец на одбележувањето на 71-виот роденден на Друштвото, истакна дека треба да им се даде можност на, како што рече, оние колеги и колешки кои имаат мотив, желба, енергија и знаење да ја трасираат патеката на асоцијацијата во осмата деценија на нејзиното постоење.

  • Со задоволство можеме да констатираме дека Друштвото на писателите на Македонија има такви потенцијали, а на членовите на оваа асоцијација им останува да ги изберат најдобрите, рече Смилевски, нагласувајќи и дека по четири години раководење на ДПМ на новото Претседателство ќе му остават во наследство стабилна финансиска состојба, а до април нема да трошат од буџетот за 2018 година.

Друштвото на писателите на Македонија е асоцијација на уметници со најдолга традиција на дејствување во земјава, кое во изминатите седум децении обедини 540 писатели со различни естетски определби кои творат во различни книжевни жанрови.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s