Ако се обидувате да пронајдете причини зошто треба да направите распоред во вашиот зафатен распоред за да продолжите со учење направете го тоа. Познати личност како Бил Гејтс и Опра Винфри одвојувале време за посветено да учат нови работи секоја недела. Не треба да се зборува понатаму таа нивна практика каде ги донесла.
Доживотното учење би ви помогнало да бидете посреќни, да заработувате повеќе па дури и да останете поздрави, велат експертите. Плус тоа, многу познати имиња од полето на бизнисот како Бил Гејтс, инсистираат дека најдобар начин за да се биде попаметен е да се чита. Тогаш што треба да направите? Купувате (што е најдобра опција доколку имате средства за да бидете опкружени со што повеќе книги), позајмувате или изнајмувате од најблиската библиотека.

Но, денот на сите ни е прекраток за да ги извршиме сите обврски кои ни се на листата за извршување или поинаку кажано животот ни е многу зафатен и намерите се едни, но акциите (постапките) се сосема друга работа. Наскоро после тоа ги полните вашите полици со книги или (е-читачите) со различни наслови кои имате намера да ги читате еден ден или книги кои сте почнале да ги читате, но не сте ги дозавршиле поради х причини. Тоа би требало да е катастрофа во вашата намера да постанете попаметни, помудри?

Доколку не сте љубители на читањето и не сте се среќавале со книгите воопшто тогаш во ред. Тогаш ќе треба да ги прочитате техникитее за да го вметнете читањето во вашето секојдневие и зошто се исплаќа да поминете неколку часови неделно во учење. Едноставно, ако вашето читање не се совпаѓа во купувањето книги односно повеќе купувате отколку што читате тогаш вашата преполна библиотека со непрочитани книги не е знак на грешка или незнаење (глупавост), туку е ознака за чест.

libraries_lms

Зошто ви е потребна „антибиблиотека“?
Ова е аргумет на авторот и статистичар „ Nassim Nicholas Taleb“ кој го поставил во неговиот бестселер The Black Swan . Талеб ги започнува своите размислувања со анегдота во врска со легендарната библиотека на италијанскиот писател Умберто Еко, која содржела 30.000 тома.
Дали Еко навистина ги прочитал сите тие книги? Секако дека не, но тоа не е поентата во опкружувањето себеси со толку многу потенцијал, а сепак нереализирано знаење.
Со обезбедување на постојан потсетник за сите работи што не ги знаел, библиотеката на Еко го задржала интелектуално гладен и постојано љубопитен. Постојаната колекција на книги што не сте ги прочитале може да го стори истото за вас, пишува Талеб:

„Приватната библиотека не е додаток за зголемување на егото, туку алатка за истражување. Прочитаните книги според авторот се многу помалку вредни од непрочитаните“ Библиотеката не е
Библиотеката треба да содржи колку што не знаете како вашите финансиски средства, хипотекарните стапки и моментално тесниот пазар на недвижности ви овозможува да ги ставите таму. Ќе станете акумулирани со повеќе знаење и повеќе книги додека стареете, а сѐ поголемиот број непрочитани книги на полиците ќе ве гледаат заканувачки. Навистина, колку повеќе знаете, толку е поголем бројот на непрочитани книги. Дозволете ни да ја наречеме оваа колекција на непрочитани книги антибиблиотека.
Антибиблиотеката е моќен потсетник за твоите ограничувања – огромното количество работи што не ги познавате, половина ги знаете, или еден ден ќе сфатите дека не сте биле во право. Секојдневно живеејќи со тој потсетник, можете да се потпрете на еден вид на интелектуална смиреност што го подобрува донесувањето одлуки и ве тера да учите.

“Луѓето не се шетаат со анти-резимеа за да ви го кажат тоа што не го научиле или не искусле (тоа е работата на нивните конкуренти да го сторат тоа), но би било убаво ако се случи”, тврди Талеб.
Зошто? Можеби затоа што е добро познат психолошки факт кој е најкомпетентен, кој е најсигурен во своите способности и најинтелигентните кои се полни со сомнеж. (Навистина, тоа се нарекува Dunning-Kruger ефект). Подеднакво е добро утврдено дека колку повеќе ќе признаете дека не знаете одредени работи, толку побрзо ќе научите.
Затоа престанете да се тепате за купување премногу книги или за да имате листа за читање што никогаш не би можеле да ја добиете во три животи. Сите оние книги што не сте ги прочитале се навистина знак на вашето незнаење. Но, ако знаете колку сте неуки, вие сте пред поголемиот дел од другите луѓе

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s