Романот „Манастир Фуентерабија“ на Јагода Михајловска-Георгиева ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело во 2017 година.

Ристо Василевски ја доби наградата „Ацо Шопов“ за поетската книга „Оди во кругот“, Ангелина Бановиќ-Марковска е добитничка на „Димитар Митрев“ за книгата есеи „Дискурс и екскурс“, на Васил Мукаетов му е доделена наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца – за стихозбирката „Скокни, прескокни“, а Љерка Тот Наумова ја доби годинашната награда „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите – за  „Невидлива врата“, книга поезија на хрватски  – мајчин јазик на авторката.

На конкурсот на ДПМ пристигнале 76 книжевни дела објавени минатата година, а за петте годишни награди одлучија пет тричлени жири-комисии.

За романот на Јагода Михајловска-Георгиева жирито образложи дека раскажува уникатна и во исто време универзална приказна која според многу нешта е отпорна на временски и на просторни ограничувања. Во потесен избор за наградата „Стале Попов“ биле најновите романи на Оливера Николова, Луан Старова, Блаже Миневски и Оливера Ќорвезироска.

– Ми значи оваа награда, како и сите награди. Не како обврска за понатаму уште повеќе да пишувам, туку како  препознавање и затоа што секогаш се надевам дека наградите ги поттикнуваат читателите да се тргнат малку од фејсбуците, рече наградената Михајловска-Георгиева.

Жирито што одлучи за „Ацо Шопов“ оцени дека наградената стихозбирка  „Оди во кругот“ на Ристо Василевски е „поетска книга-проект на медитативна задлабоченост којашто низ евокацијата на жанрот на одата ги воспева вредностите на човековиот универзум“.

Книгата „Дискурс и екскурс“ на Ангелина Бановиќ-Марковска, која ја доби наградата „Димитар Митрев“, според жирито „отворено и жестоко говори за балканското јазично, но и книжевно и културно богатство и за лингвистичкиот пуританизам како лице и опачина на културната другост…“

– Оваа награда и обврзува – не во смисла да пишуваме подобро, туку да ги согледуваме оние вредности или проблеми кои го отвораат нашиот хоризонт кон некои нови сознанија, рече наградената Бановиќ-Марковска.

За најдобрата книга за деца, „Скокни, прескокни“ на Васил Мукаетов, жирито кое ја додели наградата „Ванчо Николески“ смета дека со бројноста на мотивите и со слоевитите содржини е во дослух со сензибилитетот на современото дете.

– Оваа награда претставува признание и почит за сите наши творци кои пишуваат литература за деца и работат на нивото на нивната писменост. Да се пишува за деца е одговорна, но длабоко хумана и многу предизвикувачка работа со оглед на новото време и новите теми кои се преокупација на денешното дете, рече Мукаетов.

Жирито што одлучи за наградата „Книжевен мост“ и кое ја избра поетската книга „Невидлива врата“ на Љерка Тот Наумова образложи дека таа е напишана мошне суптилно и со модерен поетски израз, а содржаните стихови се „посебни, длабоки и со универзална димензија“.

– Невидливите врати се нашите пропуштени шанси, нашите можности кои не сме ги искористиле бидејќи не сме ги виделе невидливите врати, истакна Тот Наумова, зборувајќи за пораката што ја носи нејзината стихозбирка во  која, како што рече, провејува сеќавањето на нејзиниот роден крај и детството поминато во Хрватска.

Наградите на годинашните добитници ќе им бидат врачени на 13 февруари на свеченоста по повод 71 година од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Преземено од: http://cooltura.mk/

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s