Ода на радоста – химна

Се потсетив на „Ода на радоста“ имено песната што ја пеев на хор во основно одделение, па сакав да ја споделам со сите читатели и се надевам дека во оваа Нова година радоста ќе ги прати сите.

Радост бистра, убост чиста, ќерко од Елизија
опивна си моќ што блиска, занес и поезија.

Твојте сништа спокој шират, злото што го скротува
Сите луѓе да се смират, духот твој ги сплотува.

Среќни да сте милиони, јас ви праќам бакнеж врел
дружба, братство, љубов, слога, да ни мине живот цел.

Другар ти со другар биди, гордост има секој жив
тој пак тоа што го нема, нема живот, нема мир.

Friedrich Schillerfriedrich_schiller_by_ludovike_simanowiz

Фридрих Шилер ја напишал поемата “За радоста” (An die Freude) во 1785 година како “славење на човековото братство”. Подоцна поетот ја презирал нејзината популарност и ја отфрлил како типичен “лош период на возраста” во кој тој ја напишал. По неговата смрт, песната станала текст за хорската изведба на Деветтата симфонија од Лудвиг ван Бетовен.

Advertisements

4 comments

  1. Молам, може ли некој да ми објасни што значат зборовите “ќерко од Елизија”,
    претпоставувам алудирајќи на Европската Унија, и каква врска тоа има со библиската легенда? Благодарам.

    Ми се допаѓа

    • Зборовите „ќерко од Елизија“ имаат потекло од грчката митологија, и терминот се поврзува со грчките богови Хесоид, Хомер и Аенеид со значење „рај или живот после смртта“.

      Ми се допаѓа

      • Да,да…но, контроверзиите започнуваат токму таму. Според Хомер од Илјада и Одисеја (околу 9 век пне.) Елизија се наоѓала на западниот крај на земјата блиску до океанот. Во делото на Вергилиј (Виргилиј 70-19 пне.) “Енеида” се кажува дека по падот на Троја, Енеј портретиран како прататко на Римскиот народ т.е. на т.н. Западна цивилизација и култура, успева да се спаси од Елините (Грците). Во петтото и шестото пеење на оваа поема е прикажано бегството на Енеј кон Сицилија, и неговото симнување во подземниот свет – свет кој се состои од три дела: тартар (пекол), елизија (рај) и чистилиште. Можат да се најдат и други контроверзии – во Библијата, во Коранот итн. Поентата е: што навистина се опева во официјалната химна на Европската унија!? п.с. Се извинувам ако “гушам” и овде, ама навистина сакам да се расчистат некои работи… Поздрав,

        Liked by 1 person

      • Нам ни е драго што објавата поттикнува дискусија, нема потреба од извинување. Секцијата за коментари е отворена за коментирање и водење дискусии.
        Не сум точно информирана за значењето на зборовите во химната, но на интернет постојат куп статии каде може да се најдат различни објаснувања.

        Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.