Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга го распишаа осмиот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка на кратки раскази и  „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Резултат со слика за writting

Расказите односно песните не треба да се претходно објавени. Секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите треба да се праќаат по електронски пат, со назнака за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2018 година на електронските  адреси: raskazchachanski@hotmail.com и zbirkakoteski@hotmail.com.

Две тричлени жирија од компетентни македонски писатели ќе го извршат изборот на наградените книги што ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на фестивалот „Струшки книжевни средби 2018“ што ќе се одржи во почетокот на  јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s