earth_polution_by_matrix2525-d91omjm

Време на запалени камини, греалки, радијатори и сè она што служи за затоплување на просториите.  Самото тоа предизвикува зголемена работа на оџаците кои го полнат веќе загадениот воздух , а кога на тоа ќе се додадат издувните гасови што ги испуштаат фабриките, потоа превозните средства, се добива смог, густа магла, облаци што содржат штетни супстанци, неподнослива миризба на чад која чиниш ќе те задуши со секое вдишување…

И не само што се наоаѓаме на високо место на листата на најзагадени земји во светот, изгледа дека како што се намалува трпението кај луѓето така расте револтот и желбата нешто да биде преземено. Надлежните би требало да преземат одговорност и да најдат начини да ги решат реалните и егезстенцијалните проблеми чие решавање треба да претставува нужност.

Додека сме кај отровите, секојдневната изложеност на отровните честички како да ни е малку, отровот е популарен и поврзан и со најакутелната и најкоментираната тема  кај нас во последниве неколку денови кога група на улични кучиња почнале да напаѓаат и нападнале луѓе и деца притоа нанесувајќи им физички и психички повреди револтот е уште поголем, а отровот во вид на незадоволство, злоба, желба за одмазда почнува да расте, и се шири низ улиците и во физичка форма во вид на храна како мамка за гладни животни.

Како љубител на животните, а посебно на кучињата не можам да го оправдам актот на ставање отрови и убивање на „животното кое ќе се фати за мамката“ со голема можност случајни минувачи и деца да инхалираат дел од отровните супстанци кои понатака можат да доведат до здравствени проблеми.

Зошто не го оправдувам? Затоа што тоа сигурно не е решението кое е потребно. Колку што не го оправдувам овој акт кога некој своеволно решил да си ја земе правдата во раце исто толку го разбирам секој еден нападнат од улично куче, родителите на нападнатите деца кои бараат виновник за слученото, оние кои се плашат дека можат да бидат нападнати и оние кои се плашат да ги пуштат своите деца до најблискиот маркет…

Дополнително, агресивните кучиња не мора по дифолт да се наоѓаат на улица, а сите питоми да се одгледувани од човек. Постојат многу улични кучиња кои не се агресивни, а никогаш не добиле третман од човек ниту некогаш некого нападнале. Која ми е поентата? Дека секогаш постојат две поларитети во сè. Во конкретниов случај, едниот е убивање на животно затоа што било насилно, а другиот е непреземање на ништо. Она што нас ни треба, е ТОА ИЗМЕЃУ. Нештото што треба да биде преземно, и дискутирано од одговорни луѓе кои треба да се засегнати од случувањата. Случајот нема да се реши со убивање, усмртување и труење на куче. Замислете да беше отруен секој еден поединец кој ќе покажеше или демнострираше знаци на агресивност…

Како што еден поедиенц не може да стане агресивен без причина, така и едно животно не постанува агресивно тукутака. Потенцирам: овде не го оправдувам тврдењето: „тој/а што беше нападнат/а сам/а си го бараше затоа што го предизвикуваше кучето“, затоа што во поголемиот број од случаите луѓето немаат ама баш никаква вина што токму тогаш бидуваат мета на напад (кој може да биде и само со лаење, без физички контакт, но е доволен за да предизвика страв).

Во последните неколку месеци мои фејсбук пријатели и познаници изјавија дека биле нападнати, а капак беше групата деца што најмногу настрадаа ни криви, ни должни. Тука ми се поставува прашањето, кој ќе одговара за претрпениот страв, емоционалната и физичката болка и повреда и доживотните трауми?

Апел до сите институции, организации, здруженија и граѓани е заеднички да работат на надминување на „канцерогениве“ проблеми. Зошто сега се хронични, а можат да станат акутни и фатални по здравјето и животите на сите нас што сме изложени на загаден воздух…

Апелот го упатувам за луѓето да не се полнат со омраза и желба за одмзада која може да биде многу голема и разбирлива, зошто пред сè ние сме луѓе кои нè мачат реални животни проблеми, и тие проблеми мораме да ги решаваме рационално и по смирен пат, не со меѓусебно труење. Труењето предизвикано од злоба со гадни зборови, злодела,насилство, напакостувања едни на други, земање правда во свои раце со терминални последици, предизвиквуање штети на други луѓе и животни ќе предизвика само масовна епидемија која ќе не истреби полека сите со ред.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s