Ќе биде објавен првиот македонски роман и ќе се доделува наградата „Роман на годината“

Новата фондација за култура „Славко Јаневски“ најавува дека во средината на идната година ќе го објави заборавениот и забранет прв македонски роман „Село зад седумте јасени“. Нејзините основачи, во соработка со семејството на македонскиот писател Јаневски, ќе бараат да се поништи и лустрацијата.

Покрај тоа, заедно со другите проекти на оваа нова фондација за култура ќе продолжи да се доделува наградата „Роман на годината“ што беше доделувана 18 години од „Утрински весник“. Се истакнува дека се планира да бидат објавени и други досега необјавени ракописи од Јаневски.

Во јуни 2013 година, Комисијата за лустрација против Славко Јаневски спровела процес на лустрација во којшто утврдила дека соработувал со тајните служби. Имено, според Комисијата, тој следел писатели и уметници, користејќи го псевдонимот „Славјан“, и тврдел дека нивните дела претставуваат лоша литература. Реакции против ваквата одлука пристигнале од страна на МАНУ, Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН-центар и пошироката културна јавност во Македонија. МАНУ дури јавно побарала преиспитување на одлуката, но барањето било отфрлено од страна на Комисијата за лустрација како неаргументирано.

Славко Јаневски e добитник е на многу награди и признанија.
Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малескии Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Исто така, тој бил член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: