26e9978da2851b854e1bda98dfba8d6f

Чекорејќи по патот во таа ладна ноемвриска вечер се обидував да ја пронајдам галериајта што требаше да ја посетам. Местото го посетував првпат, сè ми беше непознато и едвај чекав да го проучам и разгледам целиот град. Сите случајни минувачи кои ги прашав како да стигнам до галеријата не можеа точно да ми ги објаснат насоките освен еден стар приштиниец.

Помислувам само колку снегулки ќе бидат потребни за улиците целосно да обелат и дали воопшто снегот има намера да паѓа вечерва? Снегулките како балерини облечени во бело танцуваа во воздухот нежно допирајќи ни ги лицата небаре нè милува нежно сонце наместо ладниот и остар воздух. Имаше уште нешто друго во воздухот таа вечер, освен нечистотија и тешкиот чад. Нешто што можеби белите балерини се обидуваа да го наговестат или пренесат. Ќе откријам за што точно се работи, сепак ја имам цела вечер пред мене.
Смогот и штетните канцерогени честички се злото со кое се соочува мојот град, мојата земја и сите кои се принудени да го дишат загадениот воздух, си велам во себе. Реални проблеми за кои се посветува премалку внимание, баш нереално! И плус тоа, уште колку луѓе треба да си ги уништат белите дробови додека се реши реалниот проблем што изгледа нереално дека уште не може да се реши?
Текот на мислите што ми одлутуваат многупати ми го прекина гласот на стариот приштинец кој велеше дека се наоѓаме многу блиску до галеријата.
Човекот изгледаше како да е преморен од животот, брчките на лицето го издаваа дека годините полека, но сигурно го газат, но беше жилав и добро се држеше.
– Убави се градбите во вашиот град, му велам на човекот што беше веќе влезен во шестата деценија и доброволно се пријави да ми биде водич кога забележа дека бабата со шарената шамија на глава не можеше да разбере што ја прашувам.
– Војната им даде нов лик, ако не внесе многу промени во инфраструктурата несомнено внесе нов дух и желба за поинаков живот кај сите жители, беше убедлив стариот човек.
Уште само неколку метри и ќе се најдам пред галеријата за која се кладам дека е богата со историја и илјадници приказни во неа. Галеријата мора да има душа, покрај сè друго внатре, си прошепотив.
– Радувајте се на вашата историја господине, ви благодарам за тоа што бевте светлиот патоказ во оваа темна и студена ноќ, му се заблагодарив и се ракувавме како стари пријатели пред тој да си тргне по својот пат.
Кога конечно се најдов пред нејзината градба сфатив дека мојата претпоставка беше точна уште пред да влезам внатре.

020312_6037-copy-3Web

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s