Твојот мал куфер
и мојот скриен свет,
не се познаваат доволно,
за голем свет нема место
во претесен куфер.
Не се прамените од свила
створени за да бидат недопрени,
не се световите преголеми
за да не бидат споени.

Дождовите ги мијат улиците,
илјадници куфери се во потрага по својот дом
чиниш се бездомници,
талкачи,
кои како номади го врват животот,
а ти уште го чекаш дождот
за да ти ги скрие солзите.

Ѕидот кој го градиш околу себе
нема да се сруши додека не е вистински миг,
а тогаш,
сјајот во очи ќе биде вратен.

Капките од покривите
ја испишуваат тажната мелодија
скриена под мрачните ќерамиди,
заштитена со окови во тишина,
зачувана во себе.

Кои дождови се поголеми?
Оние кои преплавиле цели градови
или оние кои можат да ја преплават душата?
Чии улици останале суви?
На тие што сјајот во очи им блеска
или на тие кои научиле дека
и дождот не трае вечно.

large

One thought on “Дождови – Наталија Наумовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s