Во домот му поминуваа последните денови од патувањето и неговите авантури кои можеби и не изгледаат премногу возбудливи.
Таков беше планот на научниците, последните денови да ги помине на затворено во комуникација со што е можно поголем број на луѓе.
Размени мислења речиси со сите, ја доби и една од последните насоки, Насока бр. 5 на која пишуваше: „Ти остануваат уште 3 дена тука, пред твоето огромно враќање назад. Знаеш дека мора да се држиш до договорот и никому не смееш да кажеш за тоа што е забрането, дури ни последниот ден.
Утре треба повторно да се сретнеш со Валерија за да откриеш зошто само таа можеше да те гледа. Ќе појдеш на истото место, во дворот, и ќе најдеш прилика да разговараш со неа. Мора сам да се снајдеш повторно понатака, немаш други инструкции. Тоа му беше инструкцијата во насоката под број пет. Останатите две насоки ќе ги добие последните два дена пред огромното враќање.

Следниот ден направи како што му беше наложено. Појде уште утрината во дворот од куќата каде Валерија би требало да живее и реши да почека. Мораше да смисли начин како да започне разговор со неа, а и не знаеше дали ќе биде видлив и за останатите или повторно само таа ќе може да го гледа.
Прошета наоколу за да не биде сомнителен дека се вртка околу куќата и во меѓувреме се обидуваше да смисли начин да влезе во дворот за нормално да разговара со Валерија. Шетајќи почна да прави планови како би можел да се појави на надворешната врата чекајќи некој да излезе и да почне разговор со нив претставувајќи се како некој кој е заинтересиран да купи куќа во близина на нивната зошто забележа табла на една од околните куќи која велеше дека таа се продава.

Но, изгледа дека немаше потреба толку да се мачи зошто во тој момент ја забележа Валерија како излегува во дворот заедно со една постара госпоѓа која веројатно се грижеше за неа. Нејзините се чинеше заминуваа на работа судејќи по тоа како беа облечени и фактот што беше рано сабајле, па тој си помисли дека можеби ќе биде полесно да разговара со неа кога тие нема да бидат присутни. Мораше да го исполни делот од насоката кој велеше дека мора да разговара со Валерија. Но, немаше други упатства. Како ќе знае што треба да открие? Како да го започне разговорот?

Откако родителите на Валерија заминаа, таа остана сама во дворот додека во нејзина близина беше госпоѓата што се грижеше за неа. Но, изгледа дека не ѝ обрнуваше многу внимание зошто беше зафатена со нешто во рацете, изгледа го викаа мобилен телефон, некоја чудна направа која Ветерот или Зефир не сакаше да научи да ја употребува. Среќа годините го оправдуваа, зошто ќе беше многу чудно да имаше помалку години и да не се служи со таков уред.
Тогаш реши да се појави на предниот дел од дворот од кој Валерија можеше да го забележи. „Здраво, девојченце!“, ѝ викна оддалеку. Таа веднаш го позна. „Невидливиот чичко!“ викна и повторно се стрча кон него како првиот пат кога го виде. „Тој сум“, со насмевка ѝ одговори Ветрот.
„Да ја викнеме Мери да видиме дали ќе може да те види!“, извика Валерија зошто тоа беше прво нешто на кое се сети. Сакаше да знае дали сега невидливиот чичко можеше да биде видлив. Но, не сакаше да спомнува дека претходно бил таков и само таа можела да го види, зошто така се договорија со мајка ѝ. Ветерот знаеше дека сега ќе биде видлив зошто се сети дека некаде прочита дека ќе може да стане невидлив само во ситуации во кои тоа ќе го посака. Но, како можеше да заборави!

Посакуваше да е невидлив, и тоа се случи, а заборави дека знаеше на тоа! Добро, со оглед дека немаше природен мозок туку вештачки креиран, и со оглед на огромната количина на информации што мораше да ја запомни во толку краток период не смееше да изгледа чудно тоа што ја заборавил толку важната ситуација.
„Тетка Мери, ќе можеш да дојдеш?!“, викна Валерија која воедно размислуваше што ќе ѝ каже ако не го види, причината поради која ја викнала.
А, доколку го забележи, ќе помисли дека ја повикала поради непознатиот чичко што стои на вратата од нивниот двор.
Тетка Мери веднаш стана од удобната столица и појде кон Валерија.
Тогаш го здогледа Ветерот. Ѝ се стори многу познат, како некаде да го имаше претходно видено. Не можеше да се сети зошто го имаше ова чувство, но го занемари за момент.
„Здраво господине, кого барате?“, го праша со рамен тон.
Тогаш и Ветерот и Валерија се израдуваа дека тој не е повеќе невидлив. Всушност тој беше таков само тогаш, потоа беше нормален односно видлив за сите. Изгледа чувството на опасност и големата потреба да не биде видлив и огромната потреба да го напушти местото на кое е присутен допринеле да стане невидлив, наместо да исчезне како што го правеше тоа повеќепати. Само уште не му беше јасно зошто Валерија тогаш го виде, а никој друг не. Тогаш се сети на големата љубов кон Детето и нивната поврзаност.

И како да му падна на памет дека во правилата за станување невидлив, изгледа пишуваше дека секогаш кога ќе е во таква состојба ќе може да биде забележан од само една личност која никому не направила зло и која бескрајно им верува на луѓето. Се сети! И чудно му падна како се сети и на оваа информација кога постоеја речиси 20 правила поврзани со невидливоста и уште исто толку правила помножени со десет кога стануваше збор за други подробности.

„Мислев да не имате некоја информација за куќата што се продава во близина? Еден мој пријател е заинтересиран да ја купи, па сакав да се распрашам“, мирно ја праша Ветерот.
„Господине немам никаква информација за жал, меѓутоа можеби можете да проверите да не има некаков број на таблата за да стапите во контакт со сопствениците“, му одговори тетка Мери.
„Во секој случај, ви благодарам на одговорот.“, со насмевка ѝ рече Ветерот и ја напушти куќата.

„Знам од каде ми е познат!“, си рече на глас тетка Мери за себе, зошто Валерија не можеше да ја чуе бидејќи беше зафатена со играњето во тревата.
Тоа е човекот кој го забележав во старечкиот дом кога одев во посета на својата тетка.

Патувањата на големиот Ветер (корица1)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s