Кога лисјата паѓаат, не како во истоимената серија, не како во романот на Ѓунтекин, туку како лисјата кои ни ја најавија и испратија есента во нашите предели. Да, сигурно и вие можете да ја почувствувате неа со сите нејзини карактеристики, со мирисот од ќумбињата кои се палат за да се подготви ајварот или некоја зимница, со листовите кои шушкаат под твоите кондури, со срамежливото ветре и тажниот дожд кој ги мие прозорите насекаде…

Студот ми го окупира телото и сето тоа резултираше со ладни стапала, дланки и нос, а пак во мене ја повикувам пролетта. Есента си има подеднакво убави нешта како и секое останато годишно време, но кога сме веќе кај неа, најомилен дел ми е замотувањето во топло ќебенце, топол чај и по можност книга или екран со некое збиднување. Во последниов период гледам да поминувам помалку време пред „екранот со збиднување“ како на пример гледање серија, филм или општо работење пред него, затоа што сметам дека можам да правам многу покорисни работи кои не се прават пред компјутер. Дури и пишувањето книга може да се прави рачно, па така, екраните треба малку повеќе да паузираат од сите нас, за ние да бидеме попродуктивни и покорисно да го трошиме времето.

Кога сме кај продуктивно трошење на време, ми текнува дека постојат многу работи кои треба да бидат направени, па после дека за тоа потребен е труд и поттик, па дека е потребно бркање со мотивацијата, желбата и не смее да биде ставено под знак прашалник кој би требало да биде победникот.
Овој период, баш кога надвор лисјата паѓаат, па и по некои капки од небото знаат да си ја наводенат земјата, некогаш поквалитетно, а некогаш и со штети како на пример поплавени улици, треба продуктивноста да се зголеми.
И зошто цело време упорно за продуктивноста? Веројатно затоа што се наоѓам во сплет од работи кои чекаат на мене, се трудам успешно да баланисрам помеѓу нив, па работата некогаш знае да биде тргни-застани, па ќе излезат еден куп непланирани работи и постојано сум заглавена помеѓу она: можам и ќе успеам и никаде не се брзам, има време.

И затоа што во последниве 5 до 10 години јас никаде не се брзам, на животот не му се стои во место и се движи со брзината на светлината, де пред мене, де зад мене. Добро де, најбитно е да е тука, ако згасне, ми згасна и светлината и ме снема и мене, со тоа се тешам, дека полека, но сигурно работите што треба и мора да се случат, ќе се случат.
И, не сум од оние типови на луѓе кои чекаат работите сами од себе да се средат или да им паднат од небо, туку од оние кои знаат дека мора да се помачат за да го исполнат посакуваното.

Едно е да посакуваш многу работи, а сосема друго е да работиш на нивно остварување. А, сосема друго е да не го правиш ни едното, ни другото. Тогаш, и да се движиш во чекор доволно брзо, а не преспоро, ако немаш нешто што ќе те одржува во живот и кон кое тежнееш, само ќе ги посматраш немо како лисјата паѓаат секоја година и ништо нема да промениш.
А, ако се движиш во текот со чекорите кои ги правиш цврсто, можеби и ќе посакаш да зачистиш некој паднат лист, да си го изметиш дворот и можеби ќе сакаш да собереш некој лист за во хербариум.

depositphotos_30763985-stock-illustration-vintage-autumn-leaves-seamless-pattern

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s