Сега откако престојуваше речиси една недела во домот за стари лица се навикна на таквиот живот иако првично му се чинеше како невозможна мисија да живее затворен во четири ѕида. Сега откако престојуваше речиси една недела во домот за стари лица се навикна на таквиот живот иако првично му се чинеше како невозможна мисија да живее затворен во четири ѕида. Се запозна со баба Зона, со дедо Зоре, со уште една баба Цветанка, па со еден дедо чие име не можеше никако да го запомни, па го викаше дедото со кафеавиот шешир.

Сите тие му се чудеа на необичното име, но многу брзо го засакаа затоа што беше ново освежување и затоа што некако се разликуваше од сите останати. И сите овие баби и дедовци се дружеа по цели денови раскажувајќи си приказни од својата младост, си ги споделуваа животните искуства и се фалеа кој имаше повеќе внуци. Зефир тука беше во незгодна ситуација. Беше добро опремен и подготвен со цел животен роман кој се однесуваше на него, но во договорот стоеше дека ќе кажува дека никогаш нема оформено семејство, и дека останал сам. Мораше да научи многу детали кои објаснуваа какво би требало да му било детството, па младоста, и зрелиот период пред да биде на сегашната возраст. За среќа, секогаш во разговорите успешно се снаоѓаше затоа што имаше неверојатни ораторски способности и добра меморија која му овозможуваше да ги складира информациите.

Како и претходните денови, во текот на вечерата истата група погоре опишана, на чело со баба Зона седеа на иста маса и уживаа во вкусната супа од печурки, печениот ориз и салатата.За време на вечерата покрај тоа што сите убаво се најадуваа, оваа група на чело со баба Зона секогаш беше највесела, најбучна и се познаваше дека најмногу се забавува.Дедо Зоре секогаш ги кажуваше најсмешните вицови или анегдоти од неговата младост, дедото со кафеавиот шешир секогаш го задеваше Зоре и кажуваше шеги на негова сметка што допринесуваше атмосферата да биде повесела. Цветанка и Зефир не беа отфрлени, но тие двајца помалку учествуваа во разговорите, но се смееја и уживаа подеднакво како сите останати.Ветерот или Зефир конечно можеше да ја запознае и таа страна на човекот кога е веќе во последниот стадиум од животот и беше изненаден од тоа колку може еден да биде позитивен иако да речеме не знае уште колку време му останало на располагање. Забележа дека сите во домот ја немаа истата енергија, живост и ведар дух како тие во неговата група и слични на нив, некои од дедовците и бабите беа депресивни, некои имаа Алцхајмер и не знаеја како се викаат, а некои не можеа да поднесат што се сместени баш тука дури и против нивна волја и беа разочарани зошто членовите од нивните семејства толку лесно се откажуваа од нив и немаа време да се грижат за нив.

Секој поединечен случај си беше приказна за себе, секој човек си носеше животна приказна која го правеше уникатен, различен од сите останати, со свои лузни, радости и спомени. Но, сите тие имаа нешто заедничко: имаа некакво минато, и живееле поинаков живот пред да дојдат тука.Додека ја завршуваше супата, дедо Зоре ја намести сериозната фаца што значеше дека шегувањето прекинало барем додека не заврши вечерата, се обиде да го вклучи и Ветерот во разговорот зошто вечерта изгледаше некако отсутно, па го праша: „Зефире, сега пред малку се шегувавме за баба Зона и дедото со кафеавиот шешир, вие со баба Цветанка сте многу тивки вечерва, да почнеме и за вас да се шегуваме?“, се насмевна дедо Зоре кој изгледаше не знаеше да води нормален разговор, а да не биде шегаџиски, па и кога одлучи да биде сериозен исто како да не беше.„Од каде сега тоа?“, се изненади Зефир. Немаше размислувано никогаш претходно дека на дедо Зоре ќе му падне на памет вакво нешто, а и плус баба Цветанка беше доста повозрасна од него.„Зошто сакаш да ме задеваш мене стари, и сите нови во нашата група се обидуваш да ми ги наместиш?“, зајадливо праша баба Цветанка на која не ѝ падна чудно прашањето на дедо Зоре зошто беше навикната на ваквите негови коментари.„Затоа што мислам дека ти е време да си фатиш нов дечко!“, уште повеќе ја задеваше дедо Зоре зошто знаеше дека нема да му се налути.Тие беа навикнати на ваквите разговори, и не им беше непријатно.„И јас се согласувам.“, дофрли дедото со кафеавиот шешир.На Зефир или Ветерот не му беше баш многу пријатно, од причина што досега никогаш не се нашол во ваква ситуација и изгледаше како тинејџер од 15 години на кого првпат му местат девојка, а и знаеше дека нема ништо да се случи со оглед на тоа што за брзо требаше да си отпатува засекогаш.

Сепак, и покрај тоа што имаше можност да се запознае со човечката природа во нејзината вистинска форма, многу работи останаа недоживеани, но не жалеше. Знаеше дека краткиот период кој го имаше на располагање покрај тоа што им беше доволен на научниците експериментатори, нему не му беше ни половина доволно за да може да го доживее сето она што еден човек го преживува во текот на еден живот. Ја запозна и љубовта во една чиста форма, не онаа романтичната, туку онаа кон едно дете која беше блиска на родителската односно љубовта што ја чувствуваше еден татко кон својот син или пак дедото кон своето внуче. Доколку не го спасеше Детето, и не го запознаеше подобро, можеби и немаше да има прилика да ја почувствува таквата љубов. Научниците си ја потврдија хипотезата дека штом еден човек кој не е роден како таков, туку е прилагоден и формиран во човек со помош на напредна технологија, е способен да се поврзува со луѓето, да им помага, да се грижи за нив, па и да ги засака на таков посебен начин, вистинскиот човек е способен за многу нешта! Дури и да го жртвува животот за некој кој неизмерно го сака… Уште една хипотеза која ја потврдија научниците беше онаа дека човекот е способен да му верува и на човек кој не го познава воопшто доколку тој му пристапи пријателски со образложение и причина зошто да му се верува.

Иако сите зборуваа дека во денешно време никому не може да му се верува и дека единствената личност на која треба да ѝ се верува си ти самиот, испадна дека можело да им се верува на другите, но со огромна доза на ризик и вклучена претпазливост. Тие кои изгледаа дека брзаат некаде и дека немаат време да застанат и да погледнат околу себе, не значеше дека не се грижат за ништо околу нив, туку дека сопствените проблеми им се најважни. Ветерот почна и нив да ги разбира, дури откако почна да се соочува со свои проблеми. Проблемите се состоеја од смислување начини да не биде откриен дека не е вистински човек, дека не смее да заборави на правилата, дека не смее да каже дека е од друга планета, дека не смее да заборави да пронајде некоја од насоките, дека мора да го земе писмото со паричната сума, дека треба да се грижи за некој друг освен за себе, и дека сето тоа на крај ќе го заборави. Научи да живее со обврски и стекна шанса да доживее како е кога на грб ти лежат доста работи кои чекаат да ги извршиш. Баш поради сето ова тој веќе почна да ги разбира луѓето и практично, не само теориски. И токму тоа му ја олеснуваше комуникацијата со нив. Не му беше лесно во подготовките, доста време помина во читање за тоа како функционираат луѓето, гледаше доста видео записи со поучна содржина и слушаше предавање и обуки за тоа како треба да се однесува. Беше како робот кој требаше да биде програмиран за нешто. На експериментаторите им послужи како експериментално глувче, односно повеќе наликуваше на робот кој некој друг може да го управува преку едно копче. Но, тој испадна многу повеќе од тоа. Откако научниците открија начин кај него да разбудат емоции, односно да му ги вградат преку посебната технологија која претходно го претвори во човек, тој почна да чувствува, но не можеше да ги разликува чувствата додека не ги доживеа.

И еден од предусловите за да го испратат на Земјата беше успешното вградување на емоциите, односно во центрите во мозокот кои се одговорни за активирање на различните емоции. За подобар опис, Ветерот или Зефир можете да си го замислите како современ робот со чувства, односно робот кој се движи и постапува по сопствена волја поради вградениот систем за активирање на емоции, но кој мора да биде контролиран од некого во одредени ситуации, а сепак со изглед на човек кој не се разликува од обичниот човек во неговата околина.Изгледа дека по сето ова што ви го раскажав, експериментот се ближи кон неговиот крај, и изгледа дека ќе биде успешен. Но, научниците треба да го потврдат тоа. Им беше потребно уште малку време за да ги добијат резултатите и да означат завршување на патувањето, а потоа да дадат конечна одлука дали целиот процес бил спроведен успешно.

Патувањата на големиот Ветер (корица1)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s