Која е нашата цел и зошто блогираме цели 4 години?

Да ја промовираме и да ја доближиме македонската поезија, творештво и култура до читателите и до сите оние кои сакаат да бидат духовно збогатени без оглед на кое место на земјината топка се наоѓаат, а го говорат и/или разбираат нашиот јазик!

Вие можете да допринесете во „промовирањето“ и  доближувањето доколку ја следите нашата страна и доколку ги поканите вашите пријатели да им се допадне нашата фб страна: Крајбрежје на два спротивни света Блог, а исто така можете да направите „share“ на оваа објава, односно да ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи 🙂

Исто така, можете да направите и „follow“  – опција која исто така може да ја најдете од десна страна на почетната страна на блогот и воедно да се регистрирате со меил за да ви стигнуваат известувања во вашата пошта за новите објави.

Да го збогатиме македонскиот интернет простор со нешто поинакво, ново, интересно и културно!
Да паузираме од политички теми, дебати и расправии, седници и вести барем еден час во денот.
Вие мора да си одвоите минимум 2 часа во денот кои ќе ги посветите лично за себе, а наша препорака е од тоа време кое што е наменетно за вас самите да одвоите барем половина час во денот во читање.

2 спротивни светадва света

Без вашата поддршка и читаност немаше да постои овој блог во интернет просторот.
И, нам ни е драго поради тоа.

И што е најважно, пишуваме и го водиме блогот со многу љубов, затоа што секоја објава е напишана со огромни количини на љубов и позитивност.

Ќе потенцирам дека „главната цел“ ниту сега, а ниту првичната, не беше стекнување на „медиумска популарност“ или било каква друга популарност, туку можност за пополнување на времето поминато на интернет на продуктивен и забавен начин споделувајќи најразлични дела, содржини и мисли со сите оние кои ќе сакаат да ги видат и прочитаат.

Освен што можевме да се читаме, во последнава нецела година имате можност и да ме слушате каде што рециритам мои и туѓи дела од современи автори или автори кои не се повеќе меѓу нас, а се од големо значење за нашата литература. Доколку не сте запознаени, тука на линкот: Категорија рецитали можете да видите за што станува збор.

Околу рециталите не станува збор за никаков проект, видеата ги правам лично јас и се аматерски (од читање на рециталот до крајниот производ – видео рецитал со текстот од стиховите) поставувани и објавувани на јутјуб каналот чисто од забава, корисно исполнување на слободно време затоа што рецитирањето ме исполнува душевно, и можност сето тоа да биде ставено и зачувано на едно место. Што за среќа на љубителите на поезијата сето тоа може да биде чуено и видено.

Слободно во коментар пишете од кого би сакале да чуете рецитал, можете да наведете име и презиме и наслов на делото!

Имаше една шега дека денес сите станале блогери, твитерџии, диџеи и манекенки, јас би рекла поарно тоа отколку криминалци 🙂

1490572123529.jpgпостигнување

Читателите кои не го разбираат македонскиот јазик имаат можност (со помош на Google translate – опцијата од десна страна на блогот) да го преведат на било кој јазик од понудените, а ги има речиси сите јазици на располагање.

Доколку сакате да читате македонски дела, да ја негувате македонската култура допринесете за заедно да ја дооствариме оваа цел – да станеме духовно побогати негувајќи ги јазикот, пишаниот збор и делата од македонските автори!

Без посветеноста, трудот, внимателноста, вложувањето на себеси, желбата да се направи нешто поинакво, идејата да се спојат креативно, забавно и на некој начин културно-едукативно и константноста во сето тоа немаше да опстоиме цели 4 години и 6 месеци!

Ви благодариме за секоја посета, нема да зажалите што сте „потрошиле“ време овде и заедно ќе допринесете нашата приказна „Крајбрежје на два спротивни света“ да продолжи да живее!

Ви благодариме на секое читање, на секое споделување, на секоја минута посветена читајќи и желбата да бидете дел од нашите читатели.

Ние сме внатрешно (интринзично мотивирани) нашата „приказна“ да продолжи да постои, а единствена надворешна мотивација која ги поттикнува нашите залагања се вашите посети (читања) и прераскажување (споделувања).

Тоа е доволно за да допринесете за „живоста“ на нашата заедничка приказна!

До следнo!

 

Advertisements

2 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.