Ветерот кој на почетокот ви го опишав како силен и моќен поради кој се кршат прозорите, таков беше само на неговата планета. На Земјата беше потполна спротивност, баш како неговото име кое го означува благиот и нежен ветер. Венти или латинското име на ветровите совршено му стои како презиме.
Зефир изгледаше како нормален човек за негова возраст, човек на крајот од средното доба и на почеток на зрела доба со добро сочувано здравје.
Немаше многу брчки, но затоа косата му беше измешана со црна и сива боја и веќе почнуваше да белее. Не му беше воопшто грижа како изгледа зошто знаеше дека нема да биде долго таков. Му беше грижа само дали ќе може безбедно да се врати назад од кај што потекнува и дали ќе биде претворањето во првобитна форма подеднакво успешно како и претворањето во сегашната човекова форма. Мораше да биде, зошто од тимот му го гарантираа тоа, а тој прифати само затоа што им веруваше и затоа што сакаше да го искуси и овој начин на живот.
Претворањето не беше лесен процес, потребни беа долги години исполнети со работа, исцрпни и неспани ноќи, како и огромни истражувања и проучувања во различни области, обуки, тестирања, создавање на машини кои беа направени од напредна технологија која допрва треба да почне да се создава во поголеми количини за други намени.

Тимот и целата идеја постоеле уште пред да се формираат новите тимови, па потоа поискусните ги подучувале новите заинтересирани научници – ентузијасти кои брзо се вклопиле, и само потоа го надополниле планот и кога виделе дека можеби и ќе успее почнале да работат на негово остварување.
И конечно после речиси половина век нивната првична замисла малку променета, станала успешна.

Основачот и иницијаторот за ваков вид на експеримент не е повеќе меѓу живите, но наследниците кои ја продолжиле неговата работа се горди и се убедени дека и тој би бил подеднакво горд доколку беше меѓу живите. Од скромна бројка на млади научници кои биле претерано амбициозни, сега прерасната во троцифрен број со обид да порасне уште повеќе доколку резултатите од експериментот бидат успешни.
Доколку се покаже дека ветровите кои имаат одредени карактеристики можат да добиваат човечка форма за која мора да исполнуваат одредени услови, и успешно ќе се вратат назад во нивната првобитна форма, научниците ќе се произнесат и ќе ја започнат новата ера во научните кругови. Но, тие беа убедени барем во следните два века дека човек никогаш не би можел да се претвори во ветер или во нешто друго. Тоа беше спротивно од човечката природа. После завршување на експериментот ни науката повеќе нема да биде иста. Ќе се воведе нова дисциплина која ќе биде спој на повеќе области од неколку науки. Дисциплината ќе биде наречена: „Биофизастроневропсиха“, составена од повеќе науки која се состои од проучување на ветровите, луѓето, растенијата, планетите и сите природни појави, и проучување на шансите како ветровите можат да добијат човечка форма. Со еден збор употреба на сите сознанија од повеќе науки споени во една дисциплина.

Изгледа налудничаво мора да се спомне, но целта на раскажувачот е да потенцира дека доколку може да се помисли можеби еден ден и ќе може да се исполни. Научниците не се одбрани случајно, секако поради тоа што сите овие проучувања се правени во тајност и изучувањето на природата на ветровите, собирите на научниците и општо нивното работење немаше да биде ниту признаено ниту дозволено поради забраните со кои ќе беа соочени. Тие меѓусебно си помагаа, се криеја и се обидуваа да работат на развивање на најновата дисциплина со необично долго и тешко за изговарање име, напоредно со нивната вообичаена работа. Нивните сестрани познавања како во својата област, така и во сродните, како и склопот на повеќе различни области кои беа проучувани од други нивни колеги, допринесоа тие да им помогнат во поуспешно и побрзо развивање на дисциплината.

Беше вложено доста во целиот експеримент. Покрај трудот и времето, вложени се и вртоглаво огромни количества на пари, но тие се стекнати на легален начин и без ничија оштета. Убедени беа дека овие нивни нови откритија ќе допринесат за развојот на човештвото, но и разбирање на сѐ што не беше човечко и поврзување со човекот. Се очекуваше дека нивните откритија на многумина ќе им изгледаат невозможни, нереални, нестварни, па дури и налудничави. Но, во науката покрај егзактност, постоеше и некоја налудничавост, која само научниците ја разбираа во целост и тешко можеа да ја објаснат. Ќе биде потребен долг период за да биде прифатена новата дисциплина од страна на останатите вклучувајќи ги и обичните луѓе кои не се никакви научници.
На тимот од експериментот наречен: „Ветер во човечка форма“ ќе им треба голема трпеливост, докажување на тврдења, поврзаност, точност, презентирање на резултати, докази и убедување дека навистина нивната долгогодишна работа била успешна и не била залудна.
Целта за поврзување на човекот со сѐ што не е човечко е исполнета, а ќе се докаже и дека ветровите можат успешно да се прилагодат на живот на Земјата во човечки облик исто како што луѓето се прилагодуваат на нив.
Само во одредени случаи предизвикуваат штети кои не можат да бидат спречени, во сите други случаи ветровите им се потребни на луѓето.
Зефир Венти ни покажува дека може да чувствува подеднакво како и секој друг човек, дека може да му помогне секому кому е потребна помош дури и ако претходно не бил во таква ситуација каде ќе треба да се помогне. Зефир е пример за ветер кој менува животи на сметка на тоа што си го променил својот од корен, макар и привремено.

Патувањата на големиот ветер

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s