Ова патување траеше пократко. Барем така му се чинеше. Сега немаше потреба да учи ништо човечко, зошто испитот одамна го положи и можеше да биде квалификуван како човек без дополнителни подготовки. Првото патување го направи човек каков што требаше да биде за ова второ и последно патување пред да се врати на својата планета.
Пристигна во нова земја која досега ја немаше посетено.
Повторно истото чувство на новост, непознато и предизвикувачко. Сега авантуристичкиот дух во него се пробуди и како и првиот пат немаше некои посебни инструкции во поглед на неговото однесување и постапки.
Сепак целта беше работите да течат по природен пат, со одлуки кои тој ќе ги донесува самиот, со одредени правила кои мораше да ги почитува.
Никако не смееше да каже дека не е вистински човек, и дека не е од Земјата.
Не смееше ни да каже дека е дел од еден огромен експеримент на група млади научници полни со ентузијазам кои на него работеле долг период, а замислата, нацртот и почетоците се спроведени неколку години пред тие да се зафатат со проектот. Биле посебно обучени и тренирани, а под група овде се подразбира на огромен тим од научници од различни земји кои успешно соработуваат со години.

Накратко, науката која тие ја изучуваат не е многу позната односно се чува во тајност, а само посебно одбрани поединци кои навистина се интересираат имаат можност да ја изучуваат. Затоа и не смее ништо да се спомнува ниту да се открива. Впрочем, доколку би се дознало за целиот експеримент, тој повеќе не би бил тоа и би пропаднал, потоа би било непотребно да се спроведува.
Најважно е тоа што постои можност да ви ја прераскажам приказната за големиот Ветер и за неговите патувања.
Можеби не се возбудливи како годините на Хари Потер поминати во Хогвартс, но заслужуваат да бидат прочитани.
Сигурно нема да станат славни како приказната за Потер, но тоа не е важно зошто сепак Ветерот нема магични натприродни моќи кога е на Земјата.

Или сепак ќе се покаже спротивното?
А, верувајте дека откако еднаш ќе ја прочитате неговата приказна тој има моќ да направи да се присетувате на него секогаш кога ветерот ќе дува силно.
И најверојатно ќе се насмевнете во себе присетувајќи се на Ветерот кој можеше да зборува, да личи и да се однесува како човек…
Да продолжам со раскажување, сигурно сакате да го чуете остатокот од неговата приказна.
Откако повторно пристигна на место каде никого не познаваше се присети на Детето. Го разбираше како му било само. И тој сега беше сам исто како првиот пат кога пристигна на Земјата.
Но, повторно по не знам кој пат универзумот со неговиот сигнал испраќа порака за да порача дека Ветерот нема долго да биде сам.

Одеднаш, се најде на една висока планина. Во близина забележа планинари со вреќи на грбовите и шишиња со вода во рацете, и реши да им пријде. „Извинете, ќе може да ми кажете на кое место се наоѓаме, јас малку се изгубив?“, прашално им се обрати.
„На место каде не треба да биде сам еден ваков човек како вас. И тоа без опрема“, му одговори еден висок младич со ведар дух мислејќи да му стави до знаење дека не е безбедно да се оди на планина потполно сам.
Ветерот не го очекуваше овој одговор. А, сепак беше во стил на прашањата кои тој им ги поставуваше на луѓето на претходното патување кога ги прашуваше колку е часот. На Ветерот му се допадна тоа, иако малку се збуни.
Одговорот не му беше од никаква помош, но беше добра насока за започнување на разговор.

„Би ми било драго да ви се придружам, но опрема немам. Ќе мора да ми прогледате низ прсти за тоа, опремата си ја заборавив дома. Всушност, не ја заборавив, не сакаше да доаѓа со мене денеска, и си остана. Не можев сосила да ја натерам.“, шегобијно им даде предлог да го примат и него мислејќи дека треба да ја искористи шансата за да се запознае со некого.
„Ние мораме да продолжиме за еден час, но за жал не смееме да дозволиме да нѐ придружувате без опрема, а не сме во можност оттука да ве снабдиме. Најдобро ќе биде да слезете и да се вратите во градот. Набрзо се стемнува“, му рече еден човек кој делуваше повозрасен од другите, најверојатно им беше водач.
Само што го чу ова, како да испари, не стигна ни да му одговори. Одеднаш се најде на друго место, како воопшто да не разговараше со групата планинари пред неколку секунди оставајќи ги сите збунети.

Патувањата на големиот Ветер (корица1)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s