Ловец на змејови – Халед Хосеини

„Ловец на змејови“ е книгата што ја избравме за месецов.   „Чудесен роман...приказна за пријателството на две момчиња во Авганистан и вонредна сторија за една далечна култура. Роман во најдобра смисла на зборот, роман што просто те освојува“ - San Francisco Chronicle „Моќна книга... без лажни украси, без претенциозни напрегања - само жестока, силна проза... интимна … Продолжи со читање Ловец на змејови – Халед Хосеини

Advertisements

Тајна – Блаже Конески (рецитал)

Повеле чуете ја Н.Н. со „Тајна“ од Блаже Конески. https://youtu.be/h50l8d1Yibs

#47

Најтажната песна на светот

Душава што ја пее и убива оваа тага во себе што ја сокрива, и темнина што ја покрива, и пак наутро во весела се преоблекува. Ноти што не се свират, в срце длабоко продираат, оган и вулкан запалуваат, ноти што не се допеваат. Душава што пее, никој не испеал, скромни песни од солзи и чемер … Продолжи со читање Најтажната песна на светот

Апсурдот е победен!

Размислувајќи се сепнав кога сфатив дека промената не започнува кога си подготвен, туку започнува кога си во неа. Најлошо што може да се случи е доколку за тоа што си станал свесен вчера, денес толку длабоко го проучуваш како да опстанокот ти зависи од резонирањето на сè што дало тлото благодарение на човека или природата. … Продолжи со читање Апсурдот е победен!

Si tú me olvidas (Ако ме заборавиш) – Pablo Neruda/Пабло Неруда (recitación/рецитал)

Не е четврток (ден за објава на рецитал), но сепак подготвив една рецитација на јазик што не ми е мајчин, но го обожавам подеднакво колку и македонскиот иако сѐ уште не го говорам течно. Пуштете ја видео рецитацијаа што ја подготвив заедно со читањето. Пријатно слушање! P.S. доколку сакате да сте во тек со објавите … Продолжи со читање Si tú me olvidas (Ако ме заборавиш) – Pablo Neruda/Пабло Неруда (recitación/рецитал)

Таа – Петре М. Андреевски

Повелете чуете го рециталот за денес. https://youtu.be/jYbmAw4OWsE

Грешката не ја барајте само во младината (колумна)

Луѓето по природа најмногу си го сакаат своето кое за нив е најубаво. Под „своето“ можат да се подразберат доста работи што од физичка што од човечка природа, но овде под „своето“ ќе се задржам на генерацијата. Сите си мислат дека нивната генерација е најдобра, најпаметна, и се состои од најспособни поединци кои можат да … Продолжи со читање Грешката не ја барајте само во младината (колумна)

Скриена вистина

Влези во одајата на тајните, не ќе чуеш ниедна лага, не ќе видиш ниедна вистина, ќе видиш едно срце заробено во ковчег кое не заборавило да чука, клуч од ковчегот ќе бараш, а тоа во него крие илјада и една тајна. Во ладната одаја спие мразот сонце не продира, темнината внатре се заробила како господарка … Продолжи со читање Скриена вистина

Дете заспано крај Езеро – Блаже Конески (рецитал)

Рециталот е прикачен на youtube каналот. Прочитајте и воедно чуете што подготвиме за денес. „Дете заспано крај Езеро“ од единствениот Блаже Конески. Пријатно читање/слушање! https://youtu.be/6WK-Fk4FcoA

Сонет – Гане Тодоровски

https://www.youtube.com/watch?v=g5ek7K3WKm8&feature=youtu.be Можеби си спомен, нечујно што минал Низ моите мечти, оставајќи трага? Можеби си зборот јас што сум го скинал Од усните свои, низ насмевка блага? Можеби си сенка што во ноќта сина Одмина без “збогум“, недофатена, драга Или: крик на страдник безгласно што зинал. Или: лик на свидна, неплакана тага? Остани за навек Моја, … Продолжи со читање Сонет – Гане Тодоровски

Летување – Петре М. Андреевски

https://youtu.be/3pwcZZmNSfY Таа ce појавуваше од секаде и ги соединуваше бродовите со морето, морето со копното. На летните спијачи им пушташе бубачка во сонот и тие од тој ден почнуваа да живеат со телата дома, a co главите покрај морето. Ако кажеше нешто требаше сите напамет да ги учат нејзините зборови, оти во нејзиниот глас можеше … Продолжи со читање Летување – Петре М. Андреевски