Носена од ветрови
создадена од бранови,
во школка скриена
од бел бисер поубава,
од сонце потопла,
од камен појака,
од ѕвезда посјајна.

Крие спомени 
како дете палавштина
носи насмев од тага извајан,
во очи зрак ѝ блеснува,
во коса море ѝ мириса,
во прамени од сол кадрици пуштила.

Како нежна мелодија
со глас душа милува,
со поглед срце бранува,
со насмев тага истерува.

Како небо далечна
насекаде е околу тебе,
очи штом затвориш ја гледаш,
очи штом отвориш ја бараш.

Како карпа некршлива
солза ја зајакнува,
тага ја просветлува,
болка ја лекува.

Носена од ветрови
создадена од бранови,
како драгоцен камен чувана,
од слика поубава,
од вулкан пожива,
од воздух попотребна,
од храна послатка.

Крие цели универзуми,
како ноќта што го крие сонцето,
планети ѝ се деновите,
долги ѝ се ноќите,
блиску ѝ се ѕвездите
што трепкаат 
и весело ѝ намигнуваат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s