Се појавив и со механичко отчукување и како електромагнетен бран. И битие и привидение, а се напојував со црвенило кое вели животот е сладок, но доволно просечен за да стане монотонија.
Моето битисување презираше сѐ, од принцип до критика, а живеев од нив. Живеев од сѐ што мразев, само за да љубам.
Механизацијата на реалноста околу мене го убива биполарниот ни човек. И зошто сликата е само слика? Затоа што просечното не внимава на уметноста и перспективата на оној кој ги открива и другите димензии и го гледа светот како збир на еднорози, а не како досаден пејзаж на море.
Импулсив во континуум, а спокој само кога неочекувано ја доживувам промената ден-ноќ и вдишувам воздух в зори прекинувајќи ме нешто поради кое ме разденува или само плод на проклетиот механизам создаден само за творење, зашто физичката пасивност обично создава ум што придвижува.
Не е само што се појавив како облик, бев многу повеќе зашто добив на траење. Собрав сѐ во градиве, но капацитетот секогаш е обратнопропорционален со количината која ти се пружа и не ме задоволува.
Можеби сакав да достигнам апсолутност, макар и да се затекнам како копнеам да имам копнеж. Или само сакав да се разбудам со постојано повторување на израз кој некако ми немаше смисла.
А, дали се разбудив или само ја пречекав ноќта обидувајќи се да го решам проблемот кој не знам ни дали постои е сосем релативност, исто како тоа што не разбирав дека не се работи за множење нула со икс, туку израз.
Со едно изговорено „ох“ настана регенрација на сите мозочни ќелии.
Со него тежината не се дели со нула, таа се множи и како константа исчезнува за миг, како привидението кое станав.
Тоа објасни зошто ми олеснува после тој глупав израз.
Брановите кој ги пушта Нептун или Посејдон ги регистрираш само доколку те допрат, а не ако ги набљудуваш подалеку, како и дразбите кои те допираат само ако сакаш и им дозволиш.
И творев и се расфрлав низ вакуумот, зашто и „ох“ и брзината на светлината се константни изрази.

rainbow-world-unicorns-5985318-500-353

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s