Поголемиот дел од нас едвај чекаат температурите да се подигнат, но не за да одат на базен туку за да имаат време да читаат под сенка. Љубителите на читањето не ги интересира кое годишно време е за да си се сместат удобно и да нурнат во страниците. Впрочем, тие си имаат ритуали на читање во секој период од годината.

Затоа што летото ни пристигна и календарски мислам дека е токму време уште на самиот почеток да ги набројам причините зошто се препорачува читањето во летниот период.

  1. Кога надвор температурата е повисока од вообичаеното и метеоролозите сугерираат дека се наоѓаме во црвена фаза, тогаш се зазема удобна положба во најстудената просторија која патем препорачливо е да биде со некој уред за ладење и со книга во скут се „преживува“ жештината.
  2. Кога се оди на одмор задолжително се понесуваат со себе 2-3 книги за да може удобно додека се сончаме на некоја плажа да си се препуштиме на звуците на водата заедно со книгата.
    27130
  3. Кога се оди на планина исто така се понесува книга која покрај добро оладениот пијалак и вкусното јадење ќе ви го прави престојот вистинско уживање.
  4. Додека седиме дома и мислиме дека надвор е премногу топло за да се појде било каде дури и кога не е достигната црвена фаза се повикуваме на некоја добра книга и како што поминува денот читајќи сфаќаме дека сонцето го снемало и дека е безбедно домот да се напушти.
  5. Додека чекаме автобус на некоја автобуска станица, а притоа сакаме побрзо да го „утепаме“ времето, се повикуваме на некоја книга во е – формат или посегнуваме по книгата која внимателно сме ја сместиле во чантата или ранецот и спокојно без да стапиме во интеракција со останатите трпеливо чекаме да пристигне превозното средство.
    reading-20book
  6. Кога сме кај автобуските/железничките станици, оние кои патуваат на подолги дестинации со автобус или воз задолжително треба да се снабдат со повеќе книги кои ќе ги читаат додека да стигнат до саканата дестинација доколку не сакаат да „умираат“ од досада сместени во седиштето.
  7. Читањето во парк под сенка им е омилено на оние кои се големи љубители на летното време, заштитени со опрема против добивање сончаница, намачкани со крема со заштитен фактор, очила, капа/шешир и „дружењето“ со книгата во парк и сезоната на летно читање – официјално отворена.
    d480dc7399eb2791c5fef4266c9ff905
  8. Покрај река исто така може да се чита книга. Додека некој се занимава со подготовка на скара, а некој густира со пијалакот, љубителите на книги двојно уживаат – покрај ладењето со освежителен пијалак се забавуваат со стоплените страници од сонцето кои им се во скутот.
  9. Додека се сончаат на плажата со книга во раце љубителите не влегуваат во вода додека не ја завршат главата што ја почнале, па времето за сончање си го мерат според бројот на прочитани глави. Две глави прочитани – па потоа влегување во вода. После излегување – уште една глава додека да се исушам, плус уште една после тоа додека се сончам пред да влезам повторно во вода.
    2012-07-26-books-lead-thumb-620xauto-42922
  10. Најдобар начин да се победи топлото време – да не се бориш против него воопшто, туку релаксирано да го поминеш времето во оладени простории или во вода, по можност со книга во рака.

Сметам дека овие причини зошто треба да се чита овој период не се воопшто малку, па мислам дека немате изговори повеќе, што чекате?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s