Време или невреме, во какво време живееме ние? Животот си тече, кога ќе погледнеш наназад многу работи се промениле, а многу останале исти.
Додека во светот со години наназад на некои места се случувале подеми во речиси сите аспекти, кај нас развојот во сите сфери задоцнува и прашањето што се јавува тука е: зошто е тоа така? Одговорот е следниов: поради многу причини.
Кои се тие причини? Па, нема да навлегувам многу детално затоа што не сум доволно компетента со моите 23 лета да носам општествени судови од овој вид, но доволно зрела за да можам да увидам дека работите не се најкристални, дека не се случува регресијата само во последните 23 години, туку период од многу години претходно. И нема да бараме конкретни виновници зошто во морето има милион риби кои пливаат, а сите тие припаѓаат на морскиот свет како што на планетата Земја има 7 милијарди луѓе кои припаѓаат на човечкиот вид и сите тие заедно го сочинуваат денешното општество и свесно или несвесно ги трпат последиците. Припадниците на човечката раса и оние кои биле дел од минатото, и ние денес кои живееме во 21 век и нашите современици, како и идните генерации сме одговорни за тоа што НАМ ни се случува. Зошто велам нам?
Затоа што секој поединец како свесна и одговорна индивидуа е лично одговорна за своите постапки, за изборите кои ги прави, за нејзиното однесување, начинот како ќе реагира на настаните и последиците кои ќе ги сносни како резултат на тоа претходно набројано. Од тука произлегува моментот кога секој од нас како припадник на еден систем како индивидуа или микроорганизам во еден огромен макросистем кој е составен од сите микроорганизми – луѓето, треба да тргне од себе, да ја осознае својата природа, да знае да ги задоволува своите потреби на социјално прифатлив начин, да постапува согласно сопствени морални и етички норми и вредности без прекршување на законите и правата кои се создадени за воспоставување на ред и мир.

Image result for changes

Доколку никој не тргне од себе, додека сите не чинат, а ние сме цвеќиња, додека другиот е крив за тоа што ми се случува, додека „да му умре козата на комшијата“ или „тревата во дворот на комшијата е повеќе зелена“, додека си мислиме лошо едни на други, додека живееме повеќе во туѓите отколку во сопствените животи, додека седиме на кафе и разговараме (оговараме) за Митра, Ратка, Петко, Цветко и Рамче што направиле и што се случило кај нив, а себеси не се погледнуваме, додека завидуваме на туѓиот успех и напредок, додека љубоморно плукаме по сѐ што е ново, несекојдневно, поразлично и квалитетно (чиј квалитет во моментот не можеме да го согледаме), ќе постои синдромот на денешницата на кој навистина се обидувам да му пронајдам име, а да не биде погрешно сфатено.

Ќе го наречам синдром на регресивно движење на денешницата кој не води во никаков напредок, ако овие „точки“од погоре се позастапени отколку спротивните на нив.

Зошто велам дека нема да има развој и напредок во позитивна нагорна линија доколку го развиваме синдромот на денешницата?
Затоа што „почитувајќи“ ги работите кои не ни носат општо добро, следејќи ги грешните начини на функционирање си правиме глобална штета.
Подвлекувам: овој став нема политички призвук, сето напишано го говорам од мој личен агол, па потоа како психолог кој треба да го засегаат општествените случувања и проблеми (или социјални патологии) за да може да ги разбере и потоа да помогне во дел од нивно надминување.

Секојдневно сме соочени со проблеми од најразличен вид (колку и да звучи клише) на кои не им придаваме големо значење мислејќи дека сами од себе ќе се решат, но тие само се трупаат како што прашината се натрупува во просторија во која никој не влегува и потоа потребно е повеќе време да ја исчистите отколку да речеме ако претходно била редовно чистена.

Image result for problems

За проблемите може да се зборува деноноќно, и за „синдромот на денешницата“ како што го нареков може да се дебатира непрекинато од различни стручњаци, експерти, обични смртници – лаици и останати профили на луѓе, но факт е дека тие ќе постојат и понатаму. Од каде да се почне, а пак да не се згреши?

Да го опишам накратко „синдромот на денешницата“ кој така го нарекувам, а се однесува на нас и нашиот народ, но ќе речам пак за среќа го немаат сите и тие треба да придонесат тој да престане да се размножува. „Синдромот на денешницата“ е толку распространет и ќе земе поголем замав доколку постојат поголем број на оние кои се водат по принцип (ако може да се нарече вака) кој ја диктира малограѓанштината со еден збор. А, кога би го опишала овој збор малку повеќе, тука би влегле примерите од погоре со козата на комшијата, зелената трева, „рекла-казала“ муабети, па и пример со тоа дека другите знаат многу повеќе за тебе отколку ти што знаеш за себе, знаат работи кои ти се случиле, а ти немаш претстава за тоа, знаат да креираат случки кои ни врвни режисери не би можеле да ги смислат Ме разбирате? Ете кој е лекот за лекување на синдромот, знаете – гледањето на својата работа, грижата само за својот тревник без споредување со останатите, избегнување на рекла-казала разговори и верување во истите, креирање позитивна средина со користење на сите можни ресурси без никакви штетни последици. Во сите аспекти се потребни промени, но запомнете: промената започнува од самите нас.

Како и да гледаш, каде и да погледнеш, тргни од себе. Погледни се самиот, разбери се самиот за да можеш и другите да ги разбереш. Изгледа едноставно, но и тука човек треба да се потруди. Кога ќе бидам доволно самокритичен и ќе видам „кај не чинам и треба да се променам“ тогаш можеби ќе бидам посвесен за другиот кој во нешто „не чини“, но нема да го осудам или критикувам зошто тоа не е мој живот.
Синдромот на денешницата ќе премине во синдром на иднината доколку свеста не ни е развиена или заспана.

Image result for why

Јас вечерва одлучив да ја пробудам мојата на повисоко ниво за да ги напишам овие редови кои можеби ќе го поттикнат нечие размислување, а мојата цел беше да ги пренесам своите мисли онаму каде ќе можат и други свесни индивидуи да ги прочитаат.

Не мора да се согласите со секој збор, но мора да се согласите дека потребно е сплотено дејствување на интелектуалци со високо развиена свест за да видиме прогрес, да се мрдне од местото и да се согледа барем минимален напредок.

Related image

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s