Линк до видеото на Youtube

 

In Nomine.gif

Надвиснале дните расцветало и Сонцето
 во алеата на денот; нечии спомени се 
 сладат во името на сите пожелници на пленот.  

Те имаат прегратките 
 со твоето друго тело пред црвје да ја 
 изораат  рамницата на сенката им 
 во името на онаа во која  
 зората отпочива.

In nomine patri снагата мисла сама ќе е – 
 мислиш потем си ја кроиш судбата со 
 конци од сончевина блажена од ветрот 
 што те доплови довде.

Умот век ти е со ум в бездни 
 си се нурнал а мавташ 
 со крила од цветови небаре 
 запливан во утроба.

In nomine filii расцветано Сонце 
 ти ги пара градите ти низ вкусот на одамна 
 изгубени ружи ја осознаваш страста на 
 Универзумот. 

Во лулка на својата благодат тајната негова 
 те распнала на леден ѕид од 
 солзи.

Трепер през искушенија 
 но и елан те водат 
 о душо непроспана  
 о, сенко извајана немир!

Телото – развеан јарбол  те плови меѓу 
 Сцили и Харибди од мечти. 
 Чуј ги и ќе сетиш  
 зраци злостор и сонце болка.  

In nomine spiritus sancti
 виорта на мечти  цут ти
 е.

(Под свод од плодот 
 од својот злород 
 го роди својот пород.)

Создателу на сни од живот 
 факли ти ја втерале 
 желбата да си меѓу нас.

Разгор од сто огнови е 
 твоето зрно живот 
 в утроба од небеса.

Од твоето семе денот станува храбар да ги 
 види своите злоради сенки и близнаци. *** 

Секоја непребол, о, татко на сите сни  
 ѕвезден пат од сенки е и секоја солза 
 на врвот од твојот зенит калем 
 божилаци во нашите земски лица од небо.

Сонцето е поглед во окото на мирот; 
 облаци ја бараат суштината на сите тајни 
 ти ја отвораш прегратката кон она што 
 нè чека.

Се пијаниме од мирисите на две желби 
 и стотина капки сончев лач  излиени 
 в стакла од стремежи. 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s