„Девојката која трчаше со волците“ – Шерил Стрејд

За месец април ја издвојувам „Девојката која трчаше со волците (Дивина)“ од Шерил Стрејд

шерил стрејд4.jpg

Девојката уште во дваесет и првата година доживеала безброј неволји какви што се собираат цел живот. Немоќна да се избори на друг начин, таа бара украдена среќа во мрачниот свет на опијатите, но цената набргу станува премногу висока. Кога веќе не ѝ преостанува ништо друго што би можела да загуби – освен својот живот – Шерил сфаќа дека пред неа е моментот на одлуката и последната можност за избор.

Во рацете ѝ доаѓа интересна книга што ја поттикнува да тргне на незаборавна авантура по една од најдолгите патеки тргнувајќи од пустината во Калифорнија, преку ледените височини на Сиера Невада и шумите на Орегон, сѐ до Вашингтон, Шерил ќе помине пеш цели 2.000 километри. За време на патувањето или „авантурите низ дивината“ како што ги нареков ќе се соочува со многу тешкотии меѓу кои е и носењето на претешката раница или „чудовиштето“ како што таа го нарекува. Плускавци по нозете поради тесните чевли, исушена и набиена кожа која станува рапава како кора од портокал, влакненца по цело тело, немиење по две-три недели, тешко снабдување со вода, патека со големи снежни покривки сред лето, скршување од патеката па повторно враќање на патот, средби со други планинари кои одлучиле да ја поминат патеката таа година, кратка љубовна авантура со човек кој го запознава ден претходно и никогаш повеќе можеби нема да го види, поставување и собирање на шаторот, спиење под отворено небо во вреќа за спиење и сѐ друго што не набројав, а се вбројува во сите нејзини „авантури по патеката Пацифички гребен“.

шерил стрејд3.jpg
Трагањето по загубената смисла на животот, надминувањето на краткотрајната зависност од хероин, справување со развод на бракот на само 26 години, абортус и други предизвици кои ѝ ги приредил животот на младата Шерил. За кратко време преживува многу работи кои ќе ја променат целосно.
Купувањето на водичот за патување по патеката ќе биде клучен момент кон остварување на нејзината промена во секоја смисла – и духовно и физички.

Шерил Стрејд

Просветлувањето ќе го доживее на завршетокот на патувањето, а тоа ќе започне уште при првиот поминат километар. Километрите повеќе никогаш нема да ѝ изгледаат исто. Животот повеќе нема да ѝ биде ист, како ни самата таа.
Стрејд или
И одлуката што ќе ја донесе на самиот крај на патувањето е  најдобрата што може да се замисли.
„Девојката која трчаше со волците“ ја препорачувам топло.

шерил стрејд2.jpg

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s