Кога зачекори во новиот дом Детето кое претходно немаше почувствувано таква топлина го совладаа емоциите и не знаеше на каков начин да ја изрази радоста. Му се фрли во прегратка на Ветерот кој пак не беше навикнат на прегрнување, а Детето го прегрна два пати во два дена. „Можеби и овде не било така лошо, почнува да ми се допаѓа иако не знам што ме очекува“, си помисли додека го стегаше кревкото детско тело во прегратка. Ветерот требаше да ја доживее човечката потреба за социјализација и мораше да сфати дека е многу полесно кога има друштво макар било тоа и во вид на мало човече со неполни шест години. Се прашуваше зошто негов придружник мораше да биде дете сираче кое не знаеше ништо повеќе од улица и уличен живот. Животот имаше одговори кои некогаш стигнуваат покасно отколку што очекуваме. Одговорите ќе стигнат, но како ќе му објасни на ова кревко суштество дека ќе мора да се разделат? Всушност, тоа не значеше дека тоа немаше да разбере дека луѓето не живеат вечно, но како ќе го сфати тоа дека Ветерот живее на друга планета и дека нема уште долго да има човечки облик? Тоа навистина беше тешко за објаснување зошто и тој не знаеше точно сѐ околу процесот, но ќе му го објасни како патување, зошто всушност тоа и беше. Едно долго патување кое го претвораше во човек додека да пристигне на Земјата, и потоа го очекуваше подеднакво долго патување кое ќе го вратеше назад во неговата планета во првобитниот облик и никогаш повеќе немаше да се сеќава на тоа патување. Но, со Детето тоа немаше да биде така. Тоа цел живот ќе го памети дедото кој му подаде рака кога му беше најпотребна спасувајќи му го животот и овозможувајќи му пристоен живот.
„Ајде да ја подготвиме вечерата, мислам дека е време да ги наполниме стомаците со вкусна и топла храна“, рече Ветерот. Тој не беше потполно сигурен дека знае како да ја приготви храната, но имаше прирачник со рецепти и начин на подготовка и се снајде.
Во текот на патувањето имаше краток курс каде научи да чита и да пишува зошто тоа беше предуслов за претворањето во човечки облик и добивањето на титулата „човек“. На Ветерот оваа „титула“ многу повеќе му прилегаше отколку на некои луѓе кои беа родени како такви, но не заслужуваа да се наречат така. Откако вечераа во скромната куќа со две соби, Ветерот му посака добра ноќ на Детето и нежно го покри со ќебето. Никогаш претходно не го правел тоа. Убаво било чувството кога можеш да се грижиш за некого, посебно поради тоа што знаеш дека со тоа правиш промени во нечиј живот и со самото тоа се чувствуваш корисно. Ќе се навикне на овој живот, па нема да сака да се врати назад.
Тешко дека можеше нешто да го задржи толку силно за да посака да не се врати никогаш на неговата планета.

Патувањата на големиот Ветер (корица1)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s