Пред да заспиеме убаво е кога сонот го повикуваме со некаква книга во раце. Лично јас „Пред да заспијам“ ја читав токму пред да заспијам два-три вечери по ред пред некои четири години.
before i go to sleep.jpg

Навидум секојдневни настани, но… Случувањата ќе го покажат токму спротивното од секојдневието, а за време на читањето ќе почувствувате различни емоции поттикнати од настаните кои имаат модерен призвук.
Секој ќе биде засегнат, а ќе се препознае во случувањата што се приемаат со различен интензитет на емоциите, бидејќи аголот на доживувањето е зависен од возраста на читателот (станува збор за случувања што се одвиваат почнувајќи од дваесеттите до пред педесеттите години од животот).

Навидум вообичаени, но многу силни и длабоко потиснати психолошки состојби, збиднувања коишто ќе ги доведат нервите на читателот до незапирлив плач! И сето тоа, проткаено со избувливи реакции на главната јунакиња којашто истовремено знае да ја експонира и својата врвна интелектуална енергија.

Покрај ова, во преводот е сочувана природноста, модерниот призвук и изворноста на основата замисла низ која постојано се провлекува човековата недоумица и го профилира карактерот и интелектуалната надградба при себеизнаоѓањето во содржината на романот. – пишува на задната корица.

Будењето за Кристина секое утро претставува предизвик соочувајќи се со себеси и со средината во која се наоѓа.
Збунета како се нашла во непозната соба на креветот покрај маж кој не го познава кој можеби е и оженет, а таа негова љубовница, без да ја препознае облеката што ја носи скокнува од креветот во потрага по одговорите…

Бен, доктор Неш, Аманда, се ликовите со кои ќе има контакт, но главната тријада е односот помеѓу Крис, Бен и доктор Неш.
Дознавајќи за својата амнезија сфаќа дека нејзиниот живот е заборавен исто како да не постоел, но со помош на техниките и водењето на дневникот работите ќе станат полесни, а таа полека ќе ја враќа загубената меморија иако не целосно.
Дали Бен ќе ја кажува вистината цело време или има некоја валкана тајна од минатото?
Зошто Кристина ќе чувствува дека не може да му верува целосно?
Дали е правилно тоа што ги крие нејзините активности поврзани со болеста: скришното водење на дневник кога тој не е во близина, наоѓањето начини да го сочува скриен за да не може да биде пронајден, криењето дека посетува доктор и дека тајно се слуша со него кога Бен е отсутен?
Дознавањето за страшната несреќа која ѝ се случила, раскажувањето на Бен за целиот настан и нејзините сеќавања околу целата случка дали ќе бидат совпаднати?
Што се крие од неа толку вешто? Дали тоа што има амнезија предизвикува таа да биде сомничава и тешко да верува во сѐ што ѝ се кажува или навистина тука се случувало нешто друго?
Страшната вистина за загубата на Адам, нивниот син кој ќе погине во војска за чија смрт Кристина не е свесна односно не може да се сети дека воопшто била бремена и дека тој воопшто постоел…
Откако меморијата полека ќе ѝ се врака коцките полека ќе се склопуваат, но повторно ќе ја измачуваат одредени прашања.

Роден сум утре.
 Денес живеам.
 Ме уби вчера. 
 - Парвиз Аузија

 

before i go to sleep3.jpg
Додека ќе ги склопува останатите делови копајќи по своите спомени, ќе се сети на името Клер – нејзината најдобра другарка која ја нема видено со години, но во сеќавањата ќе ѝ се појави и нејзиниот лик и сцената кога се двете заедно некаде, за време на нивната младост.
Ќе се изненади зошто Бен никогаш не ја спомнувал, а кога ќе му ја спомне тој ќе се зачуди како успеала да се сети на нејзе.
Книгата поттикнува човек  да се запраша самиот за својот живот, за сопственото здравје предизвикувајќи различни реакции кај секој читател кој се запознава со животот на Кристина.
Лутина, бес, тага, сожалување, изненадување, неочекуван ПРЕСВРТ!
Кој е тој Мајк? Зарем постои човек кој е спремен да глуми некој друг за да биде покрај жена која не ја заслужува?
И дали Адам е навистина мртов и дали пожарот навистина се случил?
Одговорите на овие прашања ќе ги најдете доколку запливате во страниците на „Пред да заспијам“ кои Стивен Вотсон ги напишал маестрално според мене.
Книгата е прогласена за светски книжевен феномен, и станува бестселер откако првично е излезена во 2011 година и е преведена на повеќе од 40 јазици.
Оригиналниот наслов е  „BEFORE I GO TO SLEEP“ – S. J. Watson
Книгава е оживеана на филмско платно односно филмската адаптација од режисерот и продуцент Ридли Скот е во 2014 година.
Оцена на Goodreads е 3,5/5
Моја оцена: 4/5
Целосно нескромна во давање висока оцена поттикната од првичните емоции кои ми ги пробуди додека ја држев во раце, а потоа од самата содржина.
Топло ја препорачувам.
Пред да заспиете, кога ќе станете, додека одмарате, додека гледате како дождот паѓа – читајте, а по можност земете ја и прочитајте ја „Пред да заспијам“, ве уверувам дека нема да се покаете.
before i go to sleep2.jpg

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s