Книга за месец Март

Како книга за месец Март ја издвојувам „Точно на пладне“ (High Нoon) од Нора Робертс. Спаѓа во жанрот Фикција. Содржи 575 стр. Издавачка куќа: Топер.

Топли и задушливи предели на Савана, мистериозна херојка посветена на работата и семејството, привлечен маж кој не се предава лесно – приказна што потсетува на играта на мачката и на глушецот. – стои на задната корица на самата книга.

Како самохрана мајка на едно седумгодишно девојче и енергичен и одлучен полициски потпоручник, стручњак за преговори, Фиби Макнамара нема многу време за романса. Но, набргу ќе се најде на метата на убиецот – психопат, а поддршката од еден маж ќе ѝ биде токму она што ѝ е потребно.

Токму тој неодолив спој на челична храброст и чувствителност веднаш го привлече Данкан Свифт. Откако виде како таа вешто го спречи самоубиецот да скокне од кровот, реши да ја освои таа интригантна, претприемлива жена. Таа е навикната да биде соло играч, но наскоро ќе открие дека никаква преговарачка техника не може да го држи Данкан на растојание.

„Вистинска забава“ – Guardian.

IMG_20170325_214439

 

„Точно на пладне“ ќе ви понуди точно онолку читателски моменти кои ви се потребни додека ги впивате настаните содржани во самата книга, а вие ќе сакате да ја прочитате точно во секое време, не само на пладне.
Можеби и ќе сакате да ја препрочитате повторно, затоа што лично јас не ја читав во месец Март, прочитана ми е пред некои четири години, но со задоволство би ја прочитала уште еднаш затоа што голем дел од содржината ми е веќе избледена.

Но, штом ја ставам како препорака и ја издвојувам навистина вреди да биде прочитана. Можеби голем дел од содржината ми испарил од сеќавањата, но нема да заборавам дека самото читање беше возбудливо, непредвидливо и уживав во секоја страница.

Поради таа причина се спремам да ја читам повторно, а вас ви ја препорачувам доколку сте љубители на Фикција.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.