1. Никогаш не прескокнувај страници (колку и да си љубопитен) за да видиш што ќе се случува во следната глава или на самиот крај! Така само ќе си го уништиш читањето и целата книга ќе биде премногу предвидлива.
  2.  Никогаш не ја уништувај книгата на било каков начин кој подразбира: виткање на страниците наместо ставање на бележник, чкрткање отстрана или шарење/боење на одредени делови. (Сите работи што сакаш да ги забележиш можеш да ги направиш на друго место, немој да го уништуваш духот на книгата).
  3. Никогаш не им позајмувај книги на луѓе кои го прават тоа од втората точка, или пак немаат навика да ги вратат назад. 
  4. Секогаш имај покрај себе нешто за пиење, како чај, лимонада, кафе или обична вода, и таа ќе заврши работа.
    qrx0gzsr55eed87ad0223861152588
  5. Секогаш биди удобно сместен и не дозволувај никој да те прекинува! Доколку си во твоето омилено катче во домашна атмосфера можеш и да си запалиш миризливи свеќи со арома која релаксира, а можеш да си пуштиш исто така и тивка музика. („Кога некој чита – не му зборувај“, треба добро да биде разбрано од луѓето во твоја околина за да не ти попречуваат во твојата омилена активност).
  6. Читај секаде каде што можеш и имаш време: додека се возиш во автобус/воз, додека чекаш автобус или ред за закажан лекарски преглед или секаде каде што имаш повеќе слободно време без да бидеш прекинуван, а попаметна работа од читање книга немаш – читањето книга секогаш ќе биде паметна работа.11dd80579d0a8aead8e601370fa160da_compliance-pics-of-people-reading-books_611-354
  7. Не им откривај дел од содржината или модерно „спојлер“ на луѓе кои рекле дека почнале да ја читаат истата книга што ти си ја завршил или сакаат да ја почнат. Совет: дискутирај за да им ја зголемиш желбата да ја прочитаат, но не им откривај речиси ништо, во никој случај најбитните делови!
  8. Купувај книги, позајмувај од библиотека/другарка/комшивка/братучеда затоа што навистина сакаш да ги прочиташ, а не затоа што се „тренд“ или популарни во моментот или дека многу ти ги фалеле. Не е погрешно да читаш книги кои во моментот се популарни и за кои сите зборуваат, но секогаш гледај да читаш првенствено тебе што те интересира во моментот.
  9. Зголемувај си ја домашната библиотека затоа што кога ќе ја погледнеш полицата со книги како ти се смешка во еден агол од собата, ѝ се смешкаш и ти зошто знаеш дека ниту еден денар не е потрошен за џабе. Ти можеби даваш пари, но назад добиваш непроценливо богатство!
    fiction
  10. Посетувај саем на книга со претходно направен список за сите книги што сакаш да си ги купиш (и да немаш список, не смееш саемот да го напуштиш без минимум една купена).
  11. Читај пред спиење наместо да седиш пред екранот од компјутерот! Многу полесно ќе заспиеш, и наутро ќе станеш со поголема енергија.
  12. Читај им на помалите околу тебе кои уште не знаат да читаат, за да им ја пренесеш љубовта кон пишаниот збор уште од мали нозе. 
  13. Читај на глас некои омилени делови или делови кои ти оставиле силен впечаток, уште подобро ако внесеш динамика во говорот, ќе си направиш една мини приватна претстава.

reading-out-loud

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s