25868_jelena-bacic-alimpic-foto01-blicpuls-goran-srdanov_orig-520x303

Ви ја претставувам книгата што ја прочитав пред некои три години и со гордост потврдувам дека оваа е една од неколкуте книги кои ме натерале да леам солзи на секоја страница.
(Нема ништо чудно во тоа да си плачеш додека читаш книга или гледаш филм).
Доколку сте ја читале веќе ви е јасно дека рецензијата не може да биде негативна, а доколку ќе ја читате допрва, направете го тоа што побрзо.
Низ страниците кои ќе ги голтате без запирање ќе биде прикажан животот на една од најголемите балерини на сите времиња. Примабалерината Ана Балит уште како малечко девојче покажува амбиции кон балетот, а мајка ѝ го забележува тоа и нема да дозволи нејзината ќерка да расте опкружена во кал и на селски имот, кога може многу повеќе да постигне!
Наспроти неа, Стеван, таткото на Ана никогаш нема да дозволи таа да го напушти салашот, и затоа Ана со голема поддршка од мајка ѝ, тајно го напушта имотот во 1938 година и се впушта во еден поинаков свет за неа, сосема нов и непознат.
Ќе се снајде многу добро, но пред неа се наоѓа нешто што отсекогаш го посакувала, и што никогаш не би си го посакала себеси…
Ленка чувствува доза на гризење на совеста поради што го лажела сопругот и ѝ помогнала на ќерка ѝ да го следи својот сон, па на моменти се прашува дали постапила правилно што ја одвоила ќерка си од рингишпилот на баба Дара покрај кој ќе растеше. Но, дали тогаш ќе станеше позната балерина?
Дали ќе можеше вртејќи се само на рингишпилот да ги исполни своите детски соништа, желби и замисли?
рингишпил

Ана ќе живее во Москва и ќе работи во „Болшој театар“ на чија сцена ќе плени со нејзините елегантни движења кои ќе предизвикуваат восхит во очите на сите љубители на ваквата уметност. Балит како успешна балерина нема да остане имуна на пречките и одрекувањата кои со себе ги носи посветеноста на овој вид професија, па ќе жртвува голем и значаен дел од нејзиниот живот, за кој потоа ќе се кае цел живот…
Со нејзините движења и приказните што ги пренесува додека е на сцената, таа може секој еден од публиката да го пренесе во друга димензија…
Непреболената и голема љубов кон Сергеј Петрович е само пример за уште една љубовна приказна без среќен крај, а таа е само дел од патењето на оваа примабалерина која за многу кратко време станува популарна и ги освојува симпатиите од сите.
рингишпил 3
Тагата, загубата, болката по нешто што можело да биде, носталгијата за родниот крај, сеќавањата на рингишпилот од баба Дара и годините од нејзиното детство, како и сите останати спомени што може да ги има една стара и болна жена, ги раскажува самата Ана Балит во болничка соба.
Со очи како бадеми и поглед насочен кон таванот Балит ги ниже своите спомени и си го прегледува нејзиниот живот како на лента, колку да се потсети на сето она што поминало, пред да му рече збогум на животот.
Додека го впивате секој опишан дел од животот на Ана, имате чувство дека можете да ја видите пред своите очи, а совршено опишаните слики кои многу лесно можат визуелно да се претстават е причина плус што оваа книга покрај тоа што ќе ве расплаче, можеби ќе стане ваша омилена книга од современ српски автор, и несомнено ќе сакате да ја препорачате и некој друг да ја прочита и ќе посакате да размените мислења со тие што веќе ја прочитале.
Од првата до последната страница, доколку се соживеете со ликот на Ана, покрај што нема да можете да ги запрете солзите, вие нема да сакате да ја оставите додека не го дознаете завршетокот.
рингишпил4
Книга која заслужува да биде сместена во вашата домашна библиотека за да биде плус украс во собата, а вие ќе бидете збогатени со можноста да ја прочитате, доживеете на свој начин, да се соживеете, да ја преживеете, да ја запаметите, да ја опишувате, да ја прераскажувате, да ја препрочитате, да се потсетите после неколку години на трогателната животна приказна чиј главен лик е примабалерината Ана која самата во вид на последно сеќавање си го раскажува својот живот.
Книга која топло ја препорачувам, и радо би ја прочитала уште еднаш и повторно би плачела.

„Приказна за љубовта која успеала да ги надрасне животот и судбината.“

рингишпил 5

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s