Wordpress-blog

  • Упорноста и константноста за било која работа некогаш мора да се исплатат! Подвлекувам дека тука не говорам за парична исплата, односно под „исплатување“ мислам на задоволството што го чувствуваш дека си се занимавал со нешто корисно, дека тоа што го правиш не е залудно и дека покрај тоа што на сите можеби им нема смисла, сигурно постои одредена група на која ѝ се допаѓа тоа што го правиш, ја цени работата и гледа смисла во секој направен чекор.
    (Ова може да важи општо за било која професија или работа со која еден би се занимавал, а останатите имаат можност да ја оценуваат, следат, критикуваат, поддржуваат).
  • Одговорноста која сами си ја наметнуваме и без да ни биде наметната отстрана нѐ прави уште поодговорни и свесни дека колку повеќе ја негуваме, таа ќе станува поголема и составен дел од нашиот живот кој нема да го гледаме како товар туку како обврска која со задоволство ќе ја извршуваме.
  • Читањето и пишувањето треба да се споделуваат со останатите! (Во смисла дека љубителите на книги треба да си разменуваат мислења за книгите што ги прочитале, а љубителите на пишаниот збор доколку обожаваат да пишуваат, да не се срамат да го прават тоа, па и да го прикажат јавно доколку се доволно храбри).
  • Пишувајќи од/со љубов и затоа што уживаш правејќи го тоа (и ако сметаш дека тоа ти е доволно) не ти треба посебно признание или мотив за да продолжиш да го правиш тоа!
  • Водењето блог му доаѓа исто како пишување во една огромна тетратка со најдебели корици во која порано запишувавме: текстови од песни, стихови, поучни мисли, лепевме сликички, запишувавме поговорки, гатанки и слично, со една разлика: до оваа „тетратка“ пристап имаат сите, па мора да бидеш многу внимателен што ќе запишеш во неа. 🙂
  • Имањето место каде ќе си го напишеш твоето мислење за „одредени случувања“, а останатите ќе имаат можност да го прочитаат, коментираат, па и можноста да се развие одредена дискусија за да се разменат мислења (без обид за промена на нечиј став) лично ми е доста корисно од аспект дека после неколку години и јас ќе можам да се навратам на истото и да проверам колку ставот ми се променил или останал истиот, можеби да видам колку ставови се слични или исти на мојот, како и можност да бидам подобро разбрана и сите оние кои ги читаат моите дела да ме запознаат малку подобро и од поинаков агол.
  • Воведувањето новини е корисно секогаш, па никогаш нема да престанам да правам промени и глобално, но и кога се работи за одредени делови од функционирањето на блогот.
  • Дека постојано учиш нови нешта, и дека никогаш нема доволно да знаеш затоа што постојано се случуваат и излегуваат нови работи, но се трудиш да бидеш во тек колку што можеш.
  • Дека сонот кој си го имав многу одамна (да напишам барем една книга), се исполни! И сега претпоставувам дека следно треба да се исполни другиот дел од истиот сон кој вели дека време е да се напише нешто поголемо…
  • Дека детските желби во периодот од основно училиште кога никој не сакаше да чита состав или песничка на час по Македонски (само јас и уште три ученици максимум се јавуваме/„се тепавме“ кој да прочита), продолжуваат и во возрасниот период само во малку поинакво светло и секако поинаков вид на текстови (овде мислам на рецитациите кои се еден вид на продолжено остварување на оваа моја детска желба од раните школски денови).

(Можеби ќе има втор дел, доколку се сетам што би можела да допишам).

blogging-for-business

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s