„Поезијата е прозорец отворен кон воодушевувачките разлики на човештвото“

Колку убав ден за означување на светски ден на поезијата – првиот ден од пролетта!
Речиси и да нема човек кој не се радува што времето се затоплува и што доаѓа пролет, но за жал истото не можеме да го кажеме дека речиси сите практикуваат да читаат поезија.
Луѓето како да се поделени на два типа: едни кои обожаваат да читаат поезија и уживаат во неа и плус можеби и ја пишуваат и оние кои ниту обожаваат да ја читаат ниту ја пишуваат.
Едно е сигурно: доколку не сакаш да ја читаш, сигурно нема да седнеш и да ја пишуваш.
Јас како блогер, како некој кој сака да пишува и да чита, па дури потоа како автор кој напишал книга кој уште не љуби да се нарекува писател и чудно ми е кога пријателите ќе ме наречат така (тоа годи секако), припаѓам во првиот тип што е сосема нормално.

„Поезијата не е предавање на емоцијата, туку бегање од неа; таа не е израз на личноста, туку бегање од личноста. Но, секако, само оние кои имаат личност и емоции знаат што значи да се избега од нив“. 

И време е блогерката да се наврати на главната цел на пишувањето на оваа статија:
Поетот Пабло Неруда напишал: „поезијата е чин на мирот“.
Поезијата е уникатна и нејзината способност да зборува низ времето, просторот и културата, да продре директно во срцата на луѓето насекаде ја прават токму таква.
Поезијата не е луксуз. Лежи во срцата на тоа што сме како мажи и жени, живеејќи заедно денеска, „цртајќи“ по наследството на минатите генерации, чувар е на светот на нашите деца и правнуци. Со славењето на поезијата денеска ние ја славиме нашата способност да се соединиме заедно, во духот на солидарноста, да ја прескокнеме „магловитата граница на нашето време“.

„Поезијата е разоткривање на чувството кое за поетот е интимно а читателот го препознава како сопствено“. 

Важноста на поезијата не треба да биде занемарена, мора да бидеме свесни дека таа го надживува поетот, таа опстојува низ времето и со декади, децении и векови.
Кога читаме нечии пишани редови особено од поети кои повеќе не се меѓу живите, треба да имаме предвид дека ние проникнуваме во нивното време, во нивниот живот, нивните мисли, чувства и нештата кои ти ги доживувале претставувајќи ни ги нам преку поезија.
Поезијата нема рок на траење, а постои од многу одамна.
Нејзиното име потекнува од грчкиот збор: poiesis, што значи создавање.
Тоа според мене значи дека не само што ги надживува и нејзините творци, што му пркоси на времето и постои во многу различни периоди, плус може да ѝ се припише моќ со која може да се промени светот, зошто самото тоа што се создава со зборови и опстојува со векови треба многу да ни каже.
poetry_cropped
А, поезијата со години кажува, пренесува, допира, гали, љуби, наежува, восхитва, вчудовидува, порачува, нарачува, поттикнува, инспирира…
Вие одлучувате дали ќе читате поезија и воедно ќе си ја направите пролетта уште поубава,
моја препорака е да почнете уште веднаш.

 „Поезијата е огледало кое го разубавува искривеното.“ 

И на овој блог, но и на многу други кои се од домашни, но и од странски автори можете да пронајдете многу разновидна поезија која сигурно ќе ви се допадне.
И доколку не ви се допаѓа, дајте ѝ шанса, можеби и ќе си го промените мислењето, во спротивно останувате во онаа група која не обожава поезија, но барем уживајте во топлите денови кои ни претстојат. 🙂
На мојов блог можете и да слушате поезија, покрај тоа што имате можност и да ја прочитате.
Еве неколку линкови кои ќе ве одведат до рецитациите:
Ацо Шопов – Утре (рецитација)

Песни за жената – Гане Тодоровски (рецитација)

Раце (I) – Гане Тодоровски (рецитација)

Раце (II) – Гане Тодоровски (рецитација)

Не одложувај ја песната – Радован Павловски (рецитација)

Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)

Патот по кој одиш – Радован Павловски (рецитација)

Добредојде пролет, се надевам дека ќе бидеш топла и нежна како стиховите на поезијата!

springbooks

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s