wind

Штом ги отвори очите детето погледна низ прозорецот зошто креветот на кој лежеше беше свртен токму во таа насока и виде дека во дворот веќе почнале лисјата да паѓаат и да ги позлатуваат зелените килими. Се прашуваше колку време поминало откако заспа, и дали Ветерот сѐ уште го чека како што му вети. Тогаш во собата влезе една сестра ѝ му рече дека денес ќе го пуштат, но дека главниот доктор треба уште еднаш да го прегледа. Му рече дека ќе му донесат појадок за неколку минути. Тоа беше сместено заедно со уште едно дете, но многу помало од него кое постојано беше во придружба на мајка му и затоа не можеше да комуницира нешто многу со нив, но жената малку го потпраша и после тоа го праша зошто не доаѓа никој да го посети. Детето рече дека неговите родители се починати, но дека неговиот дедо набрзо треба да дојде и дека го очекува.
И во истиот момент кога му го донесоа појадокот на вратата се појави Ветерот кој носеше со себе чиста облека за него, но и тој беше облечен скромно, но убаво и пријатно за очи, изгледа повеќе не личеше на бездомник.
Кога го виде Детето кое уште немаше име, односно имаше, ама си го немаше запаметено и затоа ќе го викаме Детето, тогаш на лицето му се нацрта огромна насмевка. „Ви реков дека ќе дојде!“, горделиво викна. Ветерот го прегрна и му ги подаде чистите парчиња облека и за да не го чујат другите тивко му шепна дека кога ќе ја напуштат болницата нема повеќе да живеат како бездомници, ниеден од нив. Поради тоа што Детето беше убедено дека и стариот Ветер е бездомник како него  поради искинатите алишта, го праша каде ги нашол чистите и убави алишта. Тогаш Ветерот му рече дека нема потреба да се распрашува толку и дека тоа не е важно, многу поважно било тоа што отсега па натаму ќе имаат покрив над глава и никогаш нема да бидат гладни.
Детето навикнато на уличен живот, се прашуваше од каде ли сега се случува сето тоа, дали можеби Ветерот ограбил некоја банка или ѝ ја украл чантата на некоја модерно облечена госпоѓа која не можела да трча по него и да се брани или нешто сосема друго, сакаше да верува дека е нешто сосема друго. Сите овие прашања го измачуваа цели три минути додека го јадеше појадокот, а потоа продолжи да јаде лакомо без многу размислување, зошто ова беше за него вистинска гозба, толкаво количество на храна никогаш не јадел одеднаш, можел само од излозите да ги посматра луѓето кои ручаа или вечераа во скапите, па и помалку елитни ресторани, а тоа можеше само да им завидува што не е на нивно место и да си подголтнува од плунката и да го слуша кркорењето на сопствениот желудник кој се бунеше барајќи храна. И некако го минуваше денот со два-три суви ѓеврека и понекогаш ладен четврт бурек кој го купуваше ако имаше подобра заработка додека питаше. Со останатите пари што ќе ги заработеше купуваше вода или сок, и други неопходни работи кои му требаа, а можеше да ги дозволи со минимална сума на пари.
Ова Дете сираче – питач, бездомник, беше поинакво од сите други деца бездомници и од сите други со кои Ветерот бил во контакт на Земјата.
За време на неговиот краток престој, виде деца – питачи кои се тепаа меѓусебно, кои ги задеваа луѓето кои поминуваа покрај нив, кои плукаа каде што ќе стигнат, кои викаа и трчаа околу фонтаната, а некогаш и влегуваа внатре за да се искапат ако беше лето, но ова беше поразлично од сите нив.
Ветерот и пред да му помогне го имаше забележано затоа што се движеа на слични локации, му ја запомни фацата затоа што секогаш беше само, и секогаш на истото место стоеше на земја со картонот во кој ги збираше паричките.
Еден ден додека седеше на истата клупа, на која седеше и кога се случи инцидентот претходниот ден, го забележа Детето и кај него се појави некое чудно чувство кое не можеше да си го објасни никако. И потоа му текна дека се идентификува со него, го гледаше постојано само, а и тој беше речиси секогаш сам, па му се појави и чувството на емпатија за кое тој немаше претстава дека така се нарекува.
И после некое време, се најде на истото место во истото време кога младичот не се однесуваше најсоодветно кон Детето и го спаси, му пружи рака кога му беше најпотребна и на некој начин му го спаси животот. А, тоа секогаш ќе му биде благодарно затоа што одма се поврза со него и си го прогласи за сопствен дедо кој никогаш ниту го имал ниту го запознал секако зошто го немал нели, и дури во истиот момент кога стана свесно за целиот настан одлучи дека посакува да го следи Ветерот секаде каде што ќе оди тој.

(продолжува)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s