Na rabot na vremeto.jpg

Првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“ е мошне возбудлив и необичен, и несекојдневен роман кој дефинитивно ќе ви го задржи вниманието од првата до последната страница, и ќе посакате да го прочитате следниот дел за побрзо да дознаете што ќе се случува понатаму со главниот лик: Вероника.
Новиот почеток односно совршениот свет од иднината кој е ослободен од сите несовршености, неизлечливи болести, криминал, војна, сиромаштија, Вероника мора да го запознае подобро зошто во „затворот“ во кој е сместена целиот нејзин живот е изолирана од сите случувања околу неа и потонува во нејзиниот свет читајќи книги и замислувајќи си ги работите кои никогаш ниту ги видела ниту ги доживеала.
Навидум ранливо и невино девојче кое не знае ништо за светот, девојче кое не може да се снајде во суровиот град се одделува од родителите и заминува во нови и непознати авантури каде ќе ја дознае својата силна страна и колку таа била во заблуда цели 19 години.
Причината поради која го напушта семејниот дом е доволна за кај неа да се разбуди чувството на страв од непознато, но од друга страна да ѝ се појави желба за да преживее и да се спаси, зошто ќе испадне дека светот не е воопшто таков каков што таа го замислувала или пак како ѝ го опишувале нејзините родители.
Не постоел само нејзиниот град, надвор од него постоеле исто така други градови населени со несовршени луѓе кои ќе ѝ го срушат сето знаење за животот на човештвото.
Дали не е нешто во ред со неа?
Дали истражувањето на гените ќе покажат резултати од кои крвта ќе ѝ се смрзне или можеби ќе ја доведат до загриженост и ќе посака што побрзо да ја открие целосната вистина?
Животот на Вероника после пристигнувањето во еден од старите градови и запознавањето со дел од неговите жители, посебно со Дијана која ќе ѝ пружи рака за помош без која не би можела да се снајде, и потоа Мартин кој несебично ќе ѝ помага и ќе ѝ даде поддрша, поттик и љубов, и бескрајно ќе верува во нејзините способности.
Нивниот однос ќе биде посебен, но дали работите ќе бидат какви што треба или ќе се случат многу непредвидливи настани?
Дали моќите на Вероника ќе ѝ помогнат во надминување на тешкотиите со кои ќе се соочува, или ќе ѝ донесат нови неволји и тешкотии, ќе ви откријат страниците на романот.
Нејзината способност која е поврзана со четврта димензија, можноста да доживува иста работа на два начини како и способноста за замрзнување на времето се неверојатни, но и толку возможни кога станува збор за иднината со помош на откритијата кои ги дознаваат врвните научници со помош на нејзино тестирање и целосно скенирање на нејзиното тело.
Вероника е посебна, извонредна и необична во секоја смисла.
Иако на моменти мисли дека воопшто не вреди и дека не би требало да постои и дека нејзините родители требало да се откажат од неа многу одамна, пријателите околу неа ќе ѝ помогнат да сфати дека таа му е потребна на човештвото многу повеќе отколку што си замислува.
Потрагата по нејзините родители ќе ѝ донесе нови сознанија кои ќе бидат нови за неа и во кои нема да сака да верува.
Моментот од нејзиното создавање, начинот на кој е одгледувана и заштитнички чувања како во стаклено ѕвоно, заклучувањето на нејзините сеќавања, моментот кога доживува луцидни соништа, па кошмарите кои изгледаат толку реално, запознавањето со Дијана, Марко, Мартин, професорот, новиот град на Туари, Клара, Себастијан кој ќе биде извор на нејзините неволји, Викторија поранешна соработничка на нејзините родители, и сите останати ликови со кои ќе има средба ќе направат од неа нова Вероника.
IMG_20170306_182845
Симболичното менување на нејзината фризура и промената на бојата на косата, како и подготовките за играта која треба да ги однесе до заробените родители, ја потврдува нејзината промена во нова личност, многу посилна од претходно каква што не можеше да се замисли.
Поради тоа што ликот кој ќе го даде животот за неа, таа помислува дека тоа не смеело да се случи, но потоа сфаќа дека во име на тоа мора да продолжи да се бори.
Додека за да спречи уште една смрт, ќе мора да се откаже од нејзината најголема светлост и мотивација за живот.
Дали постојат два паралелни универзума кои Вероника може да ги посетува или е во прашање нешто друго?
Дали Вероника ќе успее да ги пронајде своите родители и да ги ослободи?
Дали ликот што го даде животот за неа, ќе продолжи да живее т.е ќе се врати на начин кој е возможен само во иднината, или тоа е само сон кој Вероника го сонува?
Дали таа ќе мора да се откаже од многу работи за да добие други?
Дали таа ќе може да го спаси човештвото и дали навистина таа му е најпотребна?
Дали Вероника ќе ги открие вистините по кои трага, за кои не била свесна целиот нејзин живот?
Дали Вероника ќе може да има нормален живот?
Дали Вероника ќе може да ги контролира нејзините моќи во целост?
И дали Вероника ќе ги преживее нејзините следни авантури, останува да видиме во следните продолженија на оваа научно-фантастична трилогија.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s