Горчливи голтки непремолк (1970)

1.
Жената е… жената е…
Бело маче годиначе,
речна слатка тресопатка,
вита ива миризлива,
мека трева што подгрева,
боцкав венец крај кладенец,
мрава, сешто што преправа,
кревко птице назимниче,
тивка соба во злодоба,
прва љубов до прељуба,
свила што се распостила,
лето в сенка засолнето,
глина полна сончевина,
утро в сина виделина…

 

2.
Жената е… жената е…
гиздавица, жегавица, кивавица,
лизгавица, лигавица, ждригавица,
брадавица, државица, ракавица,
секавица, плускавица, букавица,
кукавица, валавица, палавица,
рскавица, витлавица, капавица,
брблавица, наздравица, и – лавица!

 

3.
Жената е… жената е…
Мома грда немаЖЕНА,
мома лична, премаЖЕНА,
мома вредна трижмаЖЕНА,
млада вдова натаЖЕНА,
пресна плуска раздраЖЕНА,
прва љубов разнеЖЕНА,
доцна вечер поснеЖЕНА,
златна лира обжеЖЕНА,
злост трижклета наеЖЕНА,
жед в сто грла намноЖЕНА,
ѕвезда в дланки доблиЖЕНА,
младост в жили раздвиЖЕНА,
мајка кутра загриЖЕНА,
сказна долга најслоЖЕНА,
жар во искри разлоЖЕНА,
желба в живот продолЖЕНА,
немаштина задолЖЕНА,
моќ со занес воруЖЕНА,
нејаснина опкруЖЕНА,
таа ЖЕНА…ЖЕНА…ЖЕНА!

 

4.
Жената те… жената те…
загледува, подгледува, надгледува,
завабува, забавува, заграбува,
преграбува, заслабува, доабува,
настрвува, зацрвува, оветвува,
расчувствува, блаженствува, тиранствува,
поседува, последува, проследува,
прославува, исправува, претставува,
прејадува, појадува, дојадува,
подгребува, прегребува, погребува,
досадува, засладува, подмладува,
зацедува, прецедува, доцедува,
у-ва, а-ва, е-ва, и-ва…
да е жива! да е жива!

One thought on “Песни за жената – Гане Тодоровски (рецитација)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s