„Мислам дека треба да ме посетуваш многу повеќе“, му рече Ноа на Трпението кога веќе му беше здодевно чекајќи ги резултатите од анализата.
„Зошто мислиш дека ако јас те посетам ќе ги добиеш побрзо?“, го праша Трпението.
„Мислиш дека вака ми помагаш, мразам да сум во ваква неизвесност!“, му се развика Ноа.
„Зошто мислиш дека јас ти требам само кога си во неизвесност?“, повторно го праша Трпението.
„Обожаваш да поставуваш прашања, нели?“, луто го праша Ноа, наместо да му даде одговор.
„Јас морам да поставувам прашања, доколку не можеш да најдеш одговор на моите прашања, залудно посакуваш да те посетувам често“, мирно му одговори Трпението.
„Чекај малку, сакаш да кажеш дека поставувањето прашања е клучот за ти да бидеш присутен повеќе?“, замислено го праша Ноа.
„На добар пат си. Почна веќе да размислуваш, тоа значи дека јас почнувам да се зголемувам.“, му рече Трпението.
„Секогаш сум пред истиот тест кога ми требаш. Искушението е огромно, а јас очајно те барам.“, му призна Ноа.
„Зошто мислиш дека треба да ме бараш?, повторно го праша Трпението.
„Сакаш да кажеш дека тука си секогаш?“, го праша Ноа наместо да му одговори.
„Ако знаеш да ме препознаеш. Во спротивно секое искушение ќе ти биде измачување.“, смирено и со убедувачки тон му рече Трпението.
„Како би можел да те препознам?  Зошто секогаш со секој одговор ме наведуваш на прашање?, повторно го праша Ноа.
„Затоа што тоа ми е целта. Без прашањата, нема ни да ме препознаеш.“, одговори Трпението.
„Клучот е во прашањата, велиш? А, одговорите мислиш лесно се добиваат кога си во исчекување?“, повторно праша Ноа.
„Обожавам кога терам на размислување. Зарем не мислиш дека сам треба да дојдеш до одговорот?“, со задоволен насмев врати Трпението.
„Сакаш да кажеш дека додека го барам одговорот барем за момент ќе заборавам на искушението?“, повторно праша Ноа, по не знам кој пат.
„Токму така. Но, во суштината на поставувањето прашања лежат уште многу други заклучоци“, му рече Трпението.
„И тие заклучоци најверојатно ќе треба да ги донесам сам.“, помирено изусти Ноа.
„Секако. Тоа е и мојата поука. Мило ми е што успеа да ја разбереш.“, задоволно рече Трпението.

После овој разговор и долгото размислување, Ноа научи да го препознава трпението речиси во секоја ситуација.
aaeaaqaaaaaaaaffaaaajgq2odhmmdziltk1mdqtndg5oc05mjk3ltq2oge2otg4n2q2oa

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s