wind

Му пристапи во собата и му објасни дека тој повикал помош и го донел тука каде што е. Детето беше многу изненадено што некој воопшто се грижи за него, зошто откако татко му и мајка му починаа од бронхитис претходната зима, едниот од браќата го згази кола, а другиот се удави во река, тоа ретко кога имаше близок контакт со човек кој се обидува да разговара со него, освен кога бараше пари и храна. Единствено просењето го поврзуваше со луѓето, но тоа ситно, слабо и кревко, се губеше во толпата сѐ додека некој добар човек од ендемичниот вид не се нажалеше и не му купеше некој ладен сендвич или не му стуткаше неколку денари во раката од сожалување. Тоа му беше единствениот начин на преживување, зошто поинаку не знаеше и не можеше да преживее. Никој од центрите не се обиде да го згрижи, и тоа беше осудено само на себе, со единствениот дом – улицата. Откако сфати дека доколку не бил Ветерот и никој не му помогнел, ќе останело да лежи на земјата додека не искрвави целосно, доколку пред тоа не му помогнел некој друг. И благодарно што благодарение на Ветерот тоа уште е живо, му рече: „За да те сметам за брат си многу стар, но отсега ти си ми семејство, сакал или не. Јас толку те засакав, како да си ми дедо, а не те знам воопшто. Имаш ли воопшто внуци?“ Ветерот се разнежи и за првпат го почувствува и тоа чувство на посебен вид на нежност и грижа, малку поразличен од претходното кога се грижеше за неговото здравје. И му рече: „Немам внуци, но сметај дека ти веќе си ми“. Тогаш детето направи смешна гримаса обидувајќи да се насмевне зошто му беше отежнато од завојот, и со светкави очи му рече: „Јас ќе те пратам каде и да одиш, иако можеби и ти немаш дом како мене, ќе бидеме заедно секаде, и заедно ќе ја дочекаме ладната зима. Договорено?“
Ветерот запрепастен од одлуката на детето, искажана во вид на барање и договор кој како однапред да беше донесен без негова дозвола, размисли за кратко и со нежна насмевка му се обрати: „Можеш да ми бидеш придружник. Ќе те носам секаде со мене, но да знаеш дека еден ден јас ќе морам да заминам далеку и нема никогаш да се вратам тука назад. Ќе ти кажам подоцна каде ќе одиме откако ќе те отпуштат од овде. Мораш вечерва да преноќиш, а утре си одиме одовде двајцата“.
Детето блескаше од радост која можеше да му се прочита во црните очи, и на ова му одговори: „Вети дека нема и ти да ме напуштиш толку брзо. Не сакам да те изгубам како што ги изгубив родителите и браќата.“
Ветерот му вети, и му рече да се одмара додека тој ќе биде надвор и ќе појде да се напие вода, но му порача да не се грижи зошто цела ноќ ќе биде покрај него. Детето спокојно ги затвори очите и потона во длабок сон.

(продолжува)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s