„Животот на земјата не бил ни најмалку лесен“, Ветерот заклучи по не знам кој пат. Не очекуваше да биде поинаку, зошто сигурно знаеше дека с­ѐ ќе биде поразлично, и беше спремен да ги прифати сите предизвици пред кои ќе наиде.
Уште не му беше јасно во целост која беше крајната цел на неговата „тајна“ мисија, но му беше кажано дека самиот ќе мора да ја открие, но не знаеше кога ќе биде тоа. Беше подготвен да чека. Не му се брзаше никаде и неговото време на Земјата иако беше ограничено, тој не гледаше така на тоа. Беше решен квалитетно да го искористи секој миг кој му беше на располагање запознавајќи се подробно со секое човечко однесување, изглед, и начин на живот кој само оваа планета го нудеше. Ветерот со човечки изглед на стар човек, без животното искуство на негов врсник од Земјата, без детални инструкции и насоки, освен со претходна обука, но сепак со огромна желба да го искуси овдешниот живот пред да го промени обликот кога ќе дојде времето, и ќе отпатува во својата добро позната планета, кај своите браќа и сестри, каде што се чувствуваше најисполнет.
Не знаеше многу за чувствата, ниту за законите кои постоеја тука, но кога почна да ги доживува, почна да сфаќа што значи да се чувствуваш осамен, а тоа го откриваше на интересен начин. На пример, додека седеше и се погледнуваше на еден убаво уреден излог од една продавница во центарот на градот и си го гледаше својот нов изглед во човечка форма, си замислуваше дали вака ќе може да го препознаат неговите браќа и сестри Ветрови кои останаа некаде далеку. И тогаш почна да се прашува што прават во моментот, дали и тие помислуваат на него, дали набрзо ќе ги види, дали можеби и тие некогаш ќе ја добијат оваа шанса како него да се претворат во човек, и сфати дека ова е некое чувство кое дотогаш никогаш го немал почувствувано, а набрзо потоа дозна дека имало и име и се викало: чувство на осаменост проследено со празнина, односно чувство на недостасување.
Како што минуваа деновите, секој ден учеше по нешто ново, кое многу му помагаше во овдешниот живот. На пример, научи дека луѓето одат на работа, децата на училиште, откако ќе завршат училиште можат да се запишат и на студии, дека луѓето се пензионираат, и сѐ што се случува измеѓу.
Знаеше дека со изгледот на напуштен старец речиси како скитник ги одбиваше луѓето, но тоа беше и дел од планот на тие кои експериментираа со ова негово патување… Сепак, имаше кај да преспие, а тоа значеше често менување на преноќувањето, а за што станува збор, ќе ви откријам подоцна.
Сега, да се сконцентрираме на мигот кога Ветерот откри како може еден човек да биде толку суров, во уште посуров свет. Просто, да не можеш да процениш дали светот е суров поради луѓето кои се такви или тие станале такви поради неговата суровост. Тоа што тој го виде тоа попладне ќе го памети додека постои, а тоа ќе биде долг период, иако нема да може сосема да им го објасни на другите ветрови.
wind

Кога седеше на клупата и јадеше ѓеврек купен од најблискиот уличен продавач и оддаваше слика токму на бездомник кој си го купил ѓеврекот со парите што ги добил од питање, токму покрај неа поминуваа двајца господа од кои едниот беше на средна возраст, а другиот малку помлад од него. Во близина имаше едно дете – питач кое лежеше на земја со кутија за просење, беше извалкано и во парталава облека, на лицето имаше модрици кои настанале веројатно на улица од некое постаро дете или од човекот кој го тераше да пита, и тие се приближија до него. Тоа кога ги забележа, стана и почна да го трга помладиот човек за неговото скапо и модерно сако зошто сега веќе беше прегладнето, зошто немаше навика да се поместува од земјата кога питаше, а господинот во сакото навреден од тоа како тоа се осмелува да го допира, го оттурна толку силно што детето толку силно тресна од земја и многу лошо си ја дупна главата. За трагедијата да биде уште поголема, не застанаа ни да видат што се случило. Господинот во сакото навреден од тоа што му пристапило дете – питач придружен од човекот во средни години за кој излезе дека бил негов работодавец, за да ја покаже моќта пред него излезе бездушник исто толку колку што беше засрамен пред неговиот работодавец. И за ситуацијата да е уште потрагична, човекот во средни години не покажа никакви емоции, ниту го прекори неговиот работник, се однесуваше како тоа што се случи да е сосема најнормална работа која се случува попладне кога градот е речиси во најголемата раздвиженост. Си го одминаа детето без да погледнат назад, и си го продолжија чекорењето како ништо да не се случило. Тогаш Ветерот, кој иако не беше по природа човек, како кај него да се разбуди човечноста која изгледа беше многу поголема кај него отколку кај тие двајца господа, стана и побрза да го провери детето – питач. Кога виде дека главата му е дупната и дека му тече крв од местото каде што беше повредено, си помисли колку би му било потребно да има еден телефон со кој би го свртел бројот на брзата помош. Бидејќи немаше, потрча во најблиската продавница и им кажа на продавачките да викнат брза помош за да му укажат помош на повредено дете, без да спомне дека се работи за бездомник. Потоа се врати кај него, го поткрена, и го соблече елекот што му беше ставен одозгора над блузата и се обиде да го стопира крвавењето колку што може повеќе додека да дојде помошта. Случајни минувачи кои минуваа во близина подзастануваа да видат што се случува, стоеја неколку минути и брзо го напуштаа местото откако ќе видеа дека станува збор за „бездомници“.
Некои дури и коментираа „кога не знаат каде им е местото, кога се многу упорни и напорни, си го добиваат заслуженото“.
Од оваа изјава на Ветерот му се слоши, многу повеќе отколку што им се слошуваше на некои кога ќе видеа локва крв. Во истиот ден Ветерот ги препозна кај себе чувствата гадење, сожалување, човечност, изненадување, грижа и лутина.
„Ова беше добра лекција за денешниов ден“, си рече во себе кога го виде момчето во болничката соба со преврска на глава.

(продолжува…)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s