Рингишпил – Јелена Бачиќ Алимпиќ (рецензија)

Ви ја претставувам книгата што ја прочитав пред некои три години и со гордост потврдувам дека оваа е една од неколкуте книги кои ме натерале да леам солзи на секоја страница. (Нема ништо чудно во тоа да си плачеш додека читаш книга или гледаш филм). Доколку сте ја читале веќе ви е јасно дека рецензијата … Продолжи со читање Рингишпил – Јелена Бачиќ Алимпиќ (рецензија)

13 заповеди за читање книги!

Никогаш не прескокнувај страници (колку и да си љубопитен) за да видиш што ќе се случува во следната глава или на самиот крај! Така само ќе си го уништиш читањето и целата книга ќе биде премногу предвидлива.  Никогаш не ја уништувај книгата на било каков начин кој подразбира: виткање на страниците наместо ставање на бележник, … Продолжи со читање 13 заповеди за читање книги!

Аура – Наталија Наумовска (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/auraaura-natalia-naumovskanatalija-naumovska Во местото каде стоиш се преплетуваат туѓите очи со лакомост ти го впиваат ликот чиниш си споменик неподвижен, недофатен, грандиозен. Носиш кокичиња во џебови и раце полни безгранични светови кои нудат прибежиште, даруваат нежност, мила, свилена, потребна. Во местата каде одиш се распостилаат твои траги што ненамерно ги оставаш со секое твое движење природно, … Продолжи со читање Аура – Наталија Наумовска (рецитација)

10 нешта кои ги научив за време на четиригодишното блогирање!

Упорноста и константноста за било која работа некогаш мора да се исплатат! Подвлекувам дека тука не говорам за парична исплата, односно под „исплатување“ мислам на задоволството што го чувствуваш дека си се занимавал со нешто корисно, дека тоа што го правиш не е залудно и дека покрај тоа што на сите можеби им нема смисла, … Продолжи со читање 10 нешта кои ги научив за време на четиригодишното блогирање!

4 години блогирање!

На денешен ден пред точно 4 години сум одлучила да го започнам блогов на сосема спонтан начин и без претходно да помислам дека блогирањето ќе си го сфатам толку сериозно, како еден вид обврска и место каде ќе можам да си ги запишувам своите мисли, идеи и сите работи што сметав дека вреди да бидат … Продолжи со читање 4 години блогирање!

Последниот чај – Винка Саздова (рецензија)

Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир... до самиот тебе. Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нѐ … Продолжи со читање Последниот чај – Винка Саздова (рецензија)

Говорот на дрвото – Матеја Матевски (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/govorot-na-drvoto-matea-matevski Она дрво на ридот со погледот кон сонцето што стреми и грлото во облакот и мракот не збори за себе Тоа шепоти нешто само со корењето свои со сенката кон земјата наведната свидетел на немото време покрај него што минува Стои понеуко така од раѓањето свое не го познава зборот да му ја прими … Продолжи со читање Говорот на дрвото – Матеја Матевски (рецитација)

Среќен светски ден на поезијата и добредојде на пролетта!

„Поезијата е прозорец отворен кон воодушевувачките разлики на човештвото“ Колку убав ден за означување на светски ден на поезијата - првиот ден од пролетта! Речиси и да нема човек кој не се радува што времето се затоплува и што доаѓа пролет, но за жал истото не можеме да го кажеме дека речиси сите практикуваат да … Продолжи со читање Среќен светски ден на поезијата и добредојде на пролетта!

Аура

Во местото каде стоиш се преплетуваат туѓите очи со лакомост ти го впиваат ликот чиниш си споменик неподвижен, недофатен, грандиозен. Носиш кокичиња во џебови и раце полни безгранични светови кои нудат прибежиште, даруваат нежност, мила, свилена, потребна. Во местата каде одиш се распостилаат твои траги што ненамерно ги оставаш со секое твое движење природно, грациозно, … Продолжи со читање Аура

Парадокс

Во прозорец од среќа ѕиркаме, а собата облеана со мрак, дење се обидуваме да се смееме, ноќе се обидуваме да не плачеме. Со далгите на ветрот се бориме, низ разбранувано море пловиме, едрата сме ги распнале, а почнуваме да тонеме. Заборавот не го испраќаме како сонот што не ја напушта мечтата, како зборот што го … Продолжи со читање Парадокс

Утре -Ацо Шопов (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/utreutretomorrow-atso-shopov-aco-shopov Да, се мина веќе и свршено сѐ е. Сѐ ко молња денес згасна во темнината. Па сега сум море каде пустош тлее и солза сум само в зеница истината. Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но, слеј се, … Продолжи со читање Утре -Ацо Шопов (рецитација)

Патувањата на големиот Ветер

Да ве известам дека на 06.04.2017 ќе биде објавена во електронска верзија „Патувањата на големиот Ветер“ на makedonika.mk, со досега необјавени раскази. Вие на блогов имате можност да ги прочитате првите 8, останатите ќе може таму да се прочитаат, а после објавувањето ќе ги ставам и тука. 🙂 Книгата е испратена, одобрена за објавување со … Продолжи со читање Патувањата на големиот Ветер

Животен пресврт (8)

Штом ги отвори очите детето погледна низ прозорецот зошто креветот на кој лежеше беше свртен токму во таа насока и виде дека во дворот веќе почнале лисјата да паѓаат и да ги позлатуваат зелените килими. Се прашуваше колку време поминало откако заспа, и дали Ветерот сѐ уште го чека како што му вети. Тогаш во … Продолжи со читање Животен пресврт (8)

На работ од времето – Моника Трајковска (рецензија)

Првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“ е мошне возбудлив и необичен, и несекојдневен роман кој дефинитивно ќе ви го задржи вниманието од првата до последната страница, и ќе посакате да го прочитате следниот дел за побрзо да дознаете што ќе се случува понатаму со главниот лик: Вероника. Новиот почеток односно совршениот свет од иднината … Продолжи со читање На работ од времето – Моника Трајковска (рецензија)

Песни за жената – Гане Тодоровски (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/pesni-za-pesni-za-zenata Горчливи голтки непремолк (1970) 1. Жената е... жената е... Бело маче годиначе, речна слатка тресопатка, вита ива миризлива, мека трева што подгрева, боцкав венец крај кладенец, мрава, сешто што преправа, кревко птице назимниче, тивка соба во злодоба, прва љубов до прељуба, свила што се распостила, лето в сенка засолнето, глина полна сончевина, утро в … Продолжи со читање Песни за жената – Гане Тодоровски (рецитација)

Среќен меѓународен ден на жената! (колумна)

Осми во март месец, ден кој треба да биде одбележан како потсетување на борбата на жените за нивните права и рамноправноста со машкиот пол во сите сегменти. Наместо да се потсетиме на тоа, ние се сеќаваме дека на учителката треба да ѝ се купи подарок нешто како цвеќе, па сега во последните десеттина години се … Продолжи со читање Среќен меѓународен ден на жената! (колумна)

Трпение

„Мислам дека треба да ме посетуваш многу повеќе“, му рече Ноа на Трпението кога веќе му беше здодевно чекајќи ги резултатите од анализата. „Зошто мислиш дека ако јас те посетам ќе ги добиеш побрзо?“, го праша Трпението. „Мислиш дека вака ми помагаш, мразам да сум во ваква неизвесност!“, му се развика Ноа. „Зошто мислиш дека … Продолжи со читање Трпение