Изборот за месец Февруари е „И планините одекнаа“
Емотивен, провокативен и незаборавен роман за тоа како љубиме, како се грижиме еден за друг и како сите избори што ги правиме одекнуваат низ наредните генерации.

Разновиден во пејзажот и обемот, слободен, мудар и сочувствителен во раскажувањето,
И планините одекнаа е крајно трогатлен, волшебен роман кој потврдува дека Халед Хосеини длабоко ги чувствува и целосно ги познава врските кои нѐ дефинираат наш и нашите животи…

img_20170226_150254

Почнува со срцепарателна, незаменлива врска меѓу две деца без мајка во едно авганистанско село. На тригодишната Пари нејзиниот постар брат Абдула повеќе ѝ е мајка отколку брат. На десетгодишниот Абдула малата Пари му е сѐ. Она што им се случува ним – начините на кои тоа се одвива низ животите на многу други луѓе – е доказ за моралната сложеност на луѓето.

Во еден повеќегенрациски сплет на настани меѓу родители и деца, браќа и сестри, негуватели и братучеди, Хосеини ги истражува многубројните начини на кои членовите од семејството се љубат, потчинуваат и се жртвуваат.
Следејќи ги ликовите и разгранувањето на нивните животи – од Кабул до Париз, од Сан Франциско до малиот грчки остров Тинос – приказната постепено се раширува на сите страни, станувајќи емотивно сѐ посложена и помоќна на секоја нарена страница од вкупно 393.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s