Роман со кој ќе помислиш дека барем за миг си се нашол на лондонските улици и дека шеташ по истите заедно со Ненси, девојка која на почеток е сето она што се спротивставува на „совршеното“, со ниска самодоверба, намалено себепочитување, во потрага по работа и тешкотија да го задржи било кое работно место… Лошиот однос со мајка ѝ ја прави да се чувствува мизерно и виновно, додека налудничавата мајка е спремна да направи сѐ само за да си ја врати титулата и да се врати во местото кое го напуштила уште како мала кога нејзините родители биле убиени – Бакингемската палата.
Ненси несвесно тргнува во потрага по таа Другата, надевајќи се дека ќе ја најде, до оној момент додека не сфати дека всушност таа се криела во нејзе, а во текот на „патувањето“ ќе запознае две клучни личности кои ќе бидат причина за нејзиното „будење“, прифаќање на себеси и претворање во нешто друго, нешто кое отсекогаш била, а спиело во неа, нешто кое се вика Другата.
Дали ќе ѝ треба многу време за да биде Другата?
Колкава цена ќе треба да плати додека се претвори во спротивната на себеси?
drugata1
Романот кој ќе те натера да се сакаш себеси, кој ќе те натера да си ја вратиш самодовербата или ќе те поттикне да ја зголемиш или пронајдеш ако досега не си ја пронашол во себеси…
Кога стрелките на Биг Бен ќе отчукаат пладне и полноќ се случува нешто, за кое ѝ самата не е свесна до самиот крај додека од нејзиниот живот не си замине Девојката во црвено.
А, која е Девојката во црвено? Совршена кога треба, но и тотална спротивност кога е таква приликата и девојка која загорчува животи… Се појавува неочекувано, го води разговорот кој можеби и не би бил воден доколку околностите би биле поинакви, и потоа мистериозно исчезнува без никој да ја забележи…
Дали Грим е нејзин или од Ненси?
Грим кој буди прекрасно чувство кај Ненси, ѝ ја пробудува љубовта, ја засакува баш онаа Ненси каква што е на самиот почеток, пред да се спознае и да се пробуди..
Се поставува прашањето: „Дали Грим навистина постои или е плод на фантазијата на Ненси?“ Не е дојден како од бајките на Грим, но можеби и ќе може животот да ѝ го претвори во бајка…
Олимписките игри, излозите на прескапи продавници кои Ненси може само однадвор да ги посматра, часовникот Биг Бен, лондонските улици, средбата со двата женски лика кои ќе бидат огромна причина за понатамошниот тек на настаните божицата и Индијката, Девојката во црвено, Бакингемската палата, Гардистите, и уште многу настани поврзани со нив склопени на интересен и мудар начин за да ни го претстават животот на Ненси од Лондон, која се чувствува помалку лондонка од сите оние туристи кои доаѓаат во посета на Лондон.
Роман во кој е опишана злобата која се наоѓа зад затворени врати кои позлатени, кријат многу мрачни тајни, а некој секогаш е осуден да плати за злобата која е нанесена.
Казната секого го стигнува, а во овие страници писателката не заборавила да ги казни злосторниците…
Односот помеѓу високата класа – благородништвото и оние кои се наоѓаат на другиот крај т.е најниската класа, како и средната, се прикажани на реалистичен начин, со сите тешкотии и предности кои ги нуди животот и без да ги побараме.

Дали можеш да се засакаш себеси доволно, за од една обична „мравка“ да станеш нешто многу повеќе?
Во трката по потрага по себеси, во поход да станеш подобар ти, за да бидеш горд на себе, да живееш среќен и исполнет живот, ќе се сретнеш со многу препреки, а дали конечно ќе можеш да кажеш дека се пронајде себеси?

drugata-2

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s