Книги од македонски писатели за добар почеток на годината

Погледнете го изборот на македонски книги кој го направила Sharenamarsovka на нејзиниот блог 🙂

Марсовка на Земјата

knigi-od-makedonski-avtori-za-dobar-pochetok-na-godinata

Откако знам за себе читам книги на англиски јазик. Но откако ја издадов мојата прва книга, „На работ од времето“, решив да се посветам повеќе на литература од македонски писатели, особено на оние младите кои сè уште се пробиваат на оваа сцена (исто како и јас). И бидејќи бев на шопинг за книги, решив да ги споделам со вас оние што ги избрав за читање за овој месец. Гледав да бидат различни жанрови, започнувајќи од поезија, па сè до психолошки трилер. И секако, бидејќи читнав по малку од сите („Со ветрот под рака“ веќе ја прочитав, во еден здив!), во овој момент можам само да ви ги предложам како интересни наслови од талентирани момци и девојки – тоа што го читнав досега навистина беше добро. Понатаму можеби ќе се обидам да составам и рецензии за оние што ќе ми остават поголем впечаток. Да не должам, еве за кои книги станува збор…

View original post 585 more words

Книга за месец Февруари

Изборот за месец Февруари е „И планините одекнаа“ Емотивен, провокативен и незаборавен роман за тоа како љубиме, како се грижиме еден за друг и како сите избори што ги правиме одекнуваат низ наредните генерации. Разновиден во пејзажот и обемот, слободен, мудар и сочувствителен во раскажувањето, И планините одекнаа е крајно трогатлен, волшебен роман кој потврдува … Продолжи со читање Книга за месец Февруари

Раце (I) – Гане Тодоровски (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/ratsehands-gane-todorovskigane-todorovski Рацеве делнични, рацеве добри, нерамнини од желби неожетвени, толку се напати топли, толку трпеливи, тиа кинатица родна, тие ветување, тие доброносно поле, тие страхување, толку се стежнати можење и неможење рацеве дарени за добрување. Еднипати се ластинки, повит се што нѐмами кон ненаши височини -  Колку сме кутрите тогаш сами, колку во немоќта срамливи! … Продолжи со читање Раце (I) – Гане Тодоровски (рецитација)

Заљуби се во девојка која чита!

Што чекате, се заљубивте во ваква девојка?

Кафе и книги

Минатата година на блогот објавив еден мошне интересен текст „Не се заљубувај во жена која чита“ кој беше и се уште е еден од најчитаните објави на блогот. Денес е петок, денот кој сите со душа го чекаме, бидејќи тоа значи дека може да започне викендот и конечно се опуштиме од досадните обврски.

Пронајдов еден интересен текст, кој се вика „Заљуби се во девојка која чита“ и кој ќе ви го разубави овој петок! Имајте убав викенд!

„Треба да се заљубиш во девојка која чита. Заљуби се во девојка која чита. Заљуби се во девојка која ги троши своите пари на книги наместо на облека, која има проблеми со просторот во ормарот поради тоа што има премногу книги. Заљуби се во девојка којашто има листа од книгги кои сака да ги прочита, која е зачленета во билбиотека уште на своите 12 години.

Најди девојка која чита. Ќе знаеш…

View original post 632 more words

Не одложувај ја песната – Радован Павловски (рецитација)

Пријатно слушање! 🙂 https://soundcloud.com/lightnessindarkness/ne-odlozhuva-a-pesnatane-odlozuvaj-ja-pesnata-radovan-pavlovskiradovan-pavlovski Не одложувај ја песната за утре Утре нови песни ќе дојдат Не го одложувај животот Утре нов живот ќе дојде Не одложувај ја љубовта Утре нова љубов ќе дојде А ти само ќе јакнееш.

Како да станете поорганизирани? (втор дел)

Доколку го прочитавте првиот дел во кој пишував за некои техники кои би можеле да помогнат во подобрата организираност, и ако применивте некои од нив и помислувате дека сепак не го достигнувате саканиот степен на организираност кој ви е потребен, мислам дека овој текст како и претходниот ќе ви биде добредојден. Без оглед на тоа … Продолжи со читање Како да станете поорганизирани? (втор дел)

„Другата“ – Марија Лозаноска

Роман со кој ќе помислиш дека барем за миг си се нашол на лондонските улици и дека шеташ по истите заедно со Ненси, девојка која на почеток е сето она што се спротивставува на „совршеното“, со ниска самодоверба, намалено себепочитување, во потрага по работа и тешкотија да го задржи било кое работно место... Лошиот однос … Продолжи со читање „Другата“ – Марија Лозаноска

Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/aco-sopov-shopov-ti-ne-si-sekogash-takovti-ne-si-sekogas-takov Пријателе, знам, ти не си секогаш таков, и не се такви сите твои есени. Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени. Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување, галеби да носиш на своето рамо a да не гo чуеш нивното милување. Тажно е … Продолжи со читање Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)

Кои македонски книги ги читаше Кафе и книги во јануари?

🙂

Кафе и книги

Започна февруари, а тоа значи уште еден месец почн со нови можности за нови книги. Во изминатиот период слушав критики од луѓе дека на македонската книжевна сцена недостасуваат добри македонски романи, со што силно не се согласувам, па затоа решив јануари да го посветам на читање македонски романи од македонски писатели и да напишам некој збор и препорака за нив.

ef556fc4b89793adc554285b2191d63f

Листата со наведени книги ви гарантирам дека нема да ве разочара и ако сте посакувале да пронајдете добар македонски роман, тука можете да го изберете вашето следно четиво. Овие книги се доказ дека Македонија е преполна со таленти и прекрасни писатели кои имаат прекрасни приказни за раскажување и верувам дека со вакви писателски умови, на Македонија никогаш нема да и недостасуваат добри романи.

Затоа и во иднина ќе се потрудам да препорачувам и да презентирам повеќе македонски романи, бидејќи цврсто сум убедена дека треба да ги поддржуваме нашите домашни автори!

View original post 1.461 more words

Библиотерапијата е прекрасна и навистина може да ви помогне!

Библиотерапија за секоја ситуација!

Кафе и книги

Ах, тие прекрасни моќи на книгите и идеите кои се вметнати во нив! Книгите одново и одново го менуваат светот каков што го знаеме. Помислете само на „Република“ на Платон, „Капитал“ на Карлс Маркс, „Богатството на народите“ од  Адам Смит или „Правата на човекот“ од Томас Пејн. Овие книги содржат идеи кои со векови го обликувале човечкото искуство. Понекогаш на подобро, понекогаш на полошо, но не може да се негира моќта на книгите да предизвикаат промени на макро-ниво.

Но, она што ги прави книгите навистина прекрасни е тоа што тие влијаат и на микро-ниво. Читањето на вистинската книга во вистинското време може да ја промени насоката во вашиот живот. Може да ви помогне да ги надминете пречките, да носите подобри одлуки, да се борите против стресот (и досадата) и да ве поттурнат токму тогаш кога тоа ви е потребно. Ако некогаш ви се случило некој професор, родител или пријател да…

View original post 443 more words

„Златното лале“ – Розалинд Лејкер

Таткото на Франческа е познат сликар во Амстердам, забрзан град и пристаниште; исто така е и коцкар. Иако семејството има финансиски проблеми, лекциите кои Франческа ги научила во ателјето на татко си, ја подготвиле за школувањето кај делфтскиот сликар Јоханес Вермер. Животот на Франческа не е воопшто лесен, како и на нејзините сестри, уште од … Продолжи со читање „Златното лале“ – Розалинд Лејкер

„КНИГОМОБИЛИ“ кога не постоеше интернетот

„Книгомобилите“ биле вид на подвижни библиотеки кои носеле книги до руралните области и предградјата кои немале згради со библиотеки. Во 19 век станале особено популарни и од кочии се развиле во прилагодени возила на четири тркала кои станале и дел од американската култура. Врвот на популарноста го достигнале во средината на дваесетиот век. Тие биле дизајнири … Продолжи со читање „КНИГОМОБИЛИ“ кога не постоеше интернетот

Патот по кој одиш – Радован Павловски (рецитација)

Патот по кој одиш https://soundcloud.com/lightnessindarkness/patot-po-koj-odis-radovan-pavlovski Патот по кој одиш не мора да биде рамен пат туку сам пронајди пат како што на својата мисла ѝ пронаоѓаш збор така и на своето тело скрој му облека Со убавина и допир исправи ги гранките на жалната врба во обратен правец порадосна да биде. Чита: Наталија Наумовска