clock-on-the-table-wallpaper-background

Лежам на постела од бел памук и го слушам отчукувањето на овој вулкан кој гори веќе цели две декади и три години, и со секое отчукување издишувам по некој спомен, и се прашувам што ли следно ќе вдишувам.
Ноќите што биле заменети за ден заборавиле дека се темни, деновите мислат ја победиле ноќта, а таа пак ќе ги излаже после зајдисонце… Песните го немаат веќе тој сенс, сега се само болка во вид на звук која знае да ги пара ушите кога најмалку е потребно, сега имаат звук на меморија, ако воопшто постои таков звук, а постои во сечие сеќавање… Во мислите ми се навраќаат слики од улиците по кои некогаш чекорев со ентузијазам и живост, а сега по нив се навраќам со тромави чекори, грутка во грло која се прашува дали ќе постоеше сега доколку сѐ беше поинаку…
Необјаснето, магловито и меланхолично, ми се редат сликите на неодамнешно време, за кое не ни помислував дека ќе летне како на сон, а тоа летна без да се поздрави, и без око да му трепне…Си реков, па зошто мене око да ми солзи, а на времето не му ни трепнува, ќе правам сѐ за да му покажам дека не е посилно од мене! Мислев дека сум пресилна, а ме распарчуваат една апстрактна димензија и едни празни улици покриени со снег по кои газат илјадници ликови, а меѓу нив јас само мојот си го гледам и го споредувам со тој од претходно, тој што беше полн со живот во него…
Живоста е во мене, ама како да умрела деновиве, што ли ќе ја воскресне повторно.. нема да му оставам на времето да покаже!

bed-of-cotton

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s