Во денешно време тешко е да успееш да постигнеш сѐ доколку не бидеш убаво организиран.
– Што значи да се биде организиран?
Тоа значи дека во текот на еден ден ќе постигнеш успешно балансирање и извршување на сите обврски кои си ги испланирал претходниот ден.
Можеби бројот на обврски не е толку голем, но тежината на нивното извршување некогаш знае да биде напорна и да предизвикува главоболки, баш кога се најмалку потребни.
Ти се случува да си ги натрупаш сите задачи кои постојано си ги одлагаше до степен да дојде момент кога нема да знаеш што побрзо да направиш?
Ако ти се има ова случено, или ако ти се случува често во последно време, оваа статија е токму за тебе!
Како да се биде организиран во еден брз и динамичен ден и притоа да се постигне сѐ?

cute-notes-office-organization-favim-com-3701871

Следниве техники/постапки треба да се применуваат за создавање на дисциплина и одржување на одговорноста на едно задоволително ниво за да се постигне организираност:

  • Фокусирање на сегашниот момент и целосно посветување на само една работа („мултитаскингот“ можеби изгледа дека е покорисен и дека ќе ви заштеди време, но изведбата на самите активности нема да биде целосно комплетна доколку не ѝ се посветите на одредената активност целосно)
  • Планирање на работите кои треба да ги направите во текот на денот уште од претходниот ден и држење стриктно до планот без никакви отстапки
  • Концентрирајте се на извршување на сите работи за кои не се потребни повеќе од 5 минути веднаш во моментот кога ќе видете дека треба да се направат без одлагање, направете го тоа што треба доколку не ви одзема премногу време (верувајте ќе ви заштеди време доколку не ги оставате незавршени и подоцна ќе си благодарите себеси отколку да ви се натрупаат обврски кои сигурно ќе траат повеќе од 5 минути доколку ги пролонгирање истите со толкаво времетраење)
  • Додека не завршите, обидете се да бидете исклучени од сите социјални мрежи доколку активноста не е поврзана со користење на интернет (и доколку интернетот ви е потребен, користете го само во таа насока, не си го одвлекувајте вниманието со „фејсбук“, „твитер“ или „инстаграм“ зошто дур да трепнете ќе заборавите колку време изминало)
  • Доколку не успеете навремено да ги извршите вашите задачи, не се обвинувајте, дадете си шанса и следниот ден поправете се!
  • Читајте повеќе книги и создадете си навика за редовно читање (затоа што таа навика ќе ви помогне и во формирање на други здрави навики од кои би требало да имате само придобивки)
  • Одвојувајте време да си одморите и да правите некоја активност која ќе ве релаксира (организираноста подразбира и умешност во вашиот план да вметнете и време во кое ќе можете да одморите и да станете помотивирани за следните активности)
  • Изгледајте некој добар филм или документарец поврзан (не нужно) со вашата следна активност што ќе ви помогне полесно да ја совладате/извршите обврската
  • Инспирирајте се со мисли и изреки од успешни луѓе, научници, писатели и глобално луѓе од кои сакате да учите, луѓе со позитивни примери кои можат да ве мотивираат за да бидете подобри
  • Работете на себеси постојано во смисла на изградување на вашиот карактер, исполнувајте ги ветувањата кои сте им ги дале на другите, односно бидете човек „од збор“ (во спротивно не ветувајте), бидете искрени кон себеси за вашите способности и никогаш немојте ниту да се преценувате ниту потценувате
  • Битен е квалитетот, отколку квантитетот (подобро сработете некоја работа успешно и темелно за пократко време, отколку да потрошите повеќе часови за нешто кое нема да вреди, а вие сте се потрудиле доволно долго)
  • Бидете самокритични и поставувајте си цели кои ќе тежнеете да ги исполните и со секоја исполнета цел – наградувајте се со нешто интересно како на пример со прошетка во некој парк со пријател кој не сте го виделе долго време или со купување на нова книга или парче облека кое долго време сте го посакувале
  • Поставувајте си реални и остварливи дневни задачи за кои знаете колку напор ќе ви биде потребен да ги извршите, и сте сигурни дека ќе се држите до нив
  • Водете дневник (запишувајте ги вашите мисли, ослободете го вашиот ум и изразете ги емоциите што ги чувствувате)
  • На лист напишете ги целите кои ви се приоритетни во оваа година, а кои цели посакувате да ги исполните во наредните 2 или 5 години (и држете се во насока на нивно остварување)
  • Распределете ги целите по нивната важност (доколку се животни желби би требало да претставуваат приоритет, а доколку не се, нивното неисполнување нема да донесе голема разочараност)
  • Напишете ги на еден лист рачно, сите ваши досегашни достигнувања и размислете „Како дојдовте до нив“?,“ Што ви помогна“?, Што правевте за да ги постигнете“? „Зошто воопшто ги постигнавте?“, „Како се чувствувавте пред и после постигнувањето?“. (Кога ќе ги одговорите овие прашања ќе видите колку сте кадарни и уште колку работи можете да направите доколку посакате)
  • Повторно на лист, напишете ги работите кои сакате да ги постигнете (слично со техниката погоре за животни цели), но овде образложете што ќе чувствувате доколку ги постигнете работите кои посакувате да ги постигнете, што ќе ви донесе самиот успех во нивното извршување, и зошто баш сте се одлучиле да ги постигнете тие работи (било да се работи за подобрување на оценки на училиште или положување на сите предмети во семестар на факултет, унапредување на работа или губење на вишок килограми)
  • Секоја ваша постапка да има цел која ќе ви биде позната, со потполна свесност за сите можни последици
  • Организирајте ги вашите работни маси, фиоки, и целото катче каде што престојувате најголем дел од времето, и секаде каде што ќе ви биде потребна организираност во извршување на задачите
  • Поставете си на ѕид (или на било што ви е на дофат на око) мотивирачки пораки, слики или било што кое ќе ви помогне да ја одржувате фокусираноста и мотивацијата
  • Не заборавајте во вашиот распоред да ставите точка која ќе биде посветена за време само за вас, за грижа за сопственото здравје, хигиена и навики за „разубавување“(каде што ги вбројувам покрај сѐ што се подразбира, и практикување физичка активност), но и внатрешно разубавување како на пример со слушање музика за душа или било што ве исполнува душевно
  • Поврзете се со себеси, научете да бидете фокусирани на сегашниот миг и на тоа како се чувствувате во секоја секунда и што е причинител за вашата моментална емоционална состојба
  • Чувствувајте се добро и позитивно, и обидете се да гледате пооптимистично на работите дури и кога тие изгледаат многу лошо (ова ќе помогне во зачувување на позитивно расположение и подобар и покреативен пристап на сѐ што ќе правите)
  • Останете смирени. Дишете длабоко и полека издишувајте. (Можеби животот изгледа брз и деновите брзо поминуваат, но вие мора да останете смирени и со смиреност да пречекате се што ќе дојде и замине).- Вежбајте смиреност во секоја ситуација, и смирено реагирајте секогаш кога се соочувате со некоја стресна ситуација. Во смиреноста ќе ја најдете потребната сила која треба да ја имате секогаш
    reading-books

One thought on “Како да станете поорганзирани?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s