Не ми досадувај, ледена апстракцијо“ – реков. Ми го помести праменот од косата кој ме невираше сѐ додека не ја променив позицијата на она во кое се наоѓаше причината што ме донела тука. А, што бев? Само роб на оној чиј цел механизам на помрднување на нозеве му го препишувам нему. А, јас, јас само сум амфотерен изум негов. И проклето леден, а апсорбирам топлина… сигурно поради воздушниве маси што струјат горе и течат низ плавиве разграноци, па доаѓаат во судир со огнов кој гори. И уживам да ги гледам немоќни. А, потоа ти текнува дека струјат. Дали си тоа што може да го промени струењето на водата? И си доаѓаш при себе. Ништо си кога се лутиш, ама сѐ си кога сфаќаш дека имаш две покорни раце што толку добро извршуваат наредби, а некогаш не ги извршуваат сите. Затоа што постои тоа околу тебе, затоа што постои тек. Затоа што постои ред. Затоа што постојам јас како сѐ и како ништо, а јас знаев дека сум ништо, но имам сѐ. Јас знаев дека сум ништо кога не можам да направам ветрот да не ми ја поместува веќе разбушавената коса, а снегот да не ја витка уште повеќе, но знаев дека сум сѐ кога ќе проговорам „прости ми“ и го мислам тоа. Затоа што барајќи ја смислата стануваме прашинка, а јас не го сакав тоа. Ние сме покорни на она што одлучува дали ќе сме прашинка која со гордост ќе ги краси урнатиниве по кои сега чекорам. Ние сме покорни на цел наш леден нервен систем! И знаев дека нема да жалам за погрешните чекори, јас сум само една ледена машина со топли воздишки затоа што учи да го испушта само најдоброто од неа и повеќе не се плашев. И навистина не знам што се случи. Знам дека само ја тргнав косата која толку ми го покрила лицето што дури и заборавив на ветрот, погледот ми се замати од снегулката што несмасно ми падна на носот, но и покрај тоа погледов следеше друго. Затоа што не можам да го запрам ветрот, но можам да го игнорирам, а после целосно и да заборавам и ќе си мислам дека тој ме послушал и не ми досадува веќе. Затоа што сум човек кој не може да го сопре снегот, а знае да создава ентропија. Затоа што сум моќен колку што сум немоќен. Затоа што сум само бојно поле на две сили и ќе направам да веруваш дека сум светлината во твојот живот само затоа што ќе ги почувствуваш воздишките кои ќе струјат, ама јас сум човек и ќе направам да сакаше прво да ме допреш за рацете кои секогаш ми се ладни. Затоа што сум сѐ што не гледаш, јас сум студена војна во која секогаш победува она кое се обидувам да го сокријам.
Од денес верувам дека и природата ме слуша, тишината ми дава одговори, а ти го гледаш она што го кријам. Од денес и болката е убава, а грешките се слават.
Од денес сум човек.

large

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s